До Селото — археолошко наоѓалиште во прилепското село Крушевица. Претставува некропола од римското време.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа во непосредната близина на селото, во нивите што се наоѓаат помеѓу наоѓалиштето Страгата и патот за селото Чаниште.
Опис
На наоѓалиштето има остатоци од некропола. Така, во нивата на Р. Учкоски уште пред Втората светска војна биле откопани надгробна стела, статуетка од бронза со претстава на богот Меркур, ламби и други наоди. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје и во Заводот и музеј во Прилеп.
Поврзано Бабо — населба и некропола од римско време; Градиште — збег од доцноантичко време; Грамаѓе — населба од римско време; Каве — населба и некропола од хеленистичко и римско време; Манастир Св. Недела — сакрален објект од старохристијанско време; Падарница — тумул од железно време; Страгата — тумул од железно време; Црква Св. Архангел — осамен наод од римско време; Црквиште — сакрален објект од старохристијанско време; Испраен Камен — тумул од железното време и римска стела; Ковчезите — населба од бронзеното време; Падиште — тумул од железното време; Скапците — тумул од железното време; Таламбасица — тумул од бронзеното и античкото време; Три Дабици — тумул од бронзеното време; Широк Пат — тумул од железното време; Крушевица; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
Категорија:Крушевица (Прилепско)