Грбот на Општина Струмица е грб кој ја претставува Општина Струмица. Toj е во форма на штит на кој на горната страна со кирилско писмо е напишано името на градот. Штитот е поделен на четири полиња во кои има симболи и тоа: во левиот горен агол е насликан златен крст од манастирот „Св. Леонтие“ во село Водоча од 6 век, во десниот горен агол има сонце, во левиот долен агол е ридот над Струмица со Царевите кули и три ѕвезди на небото и во десниот долен агол е карневалска маска. На грбот се среќаваат две бои: златна и кобалт-сина.

Дизајн Систем <font color=#000099>Златна</font color> <font color=#FFCC00>Кобалт-сина</font color> RGB 255-204-0 0-0-153 хексидецимален формат #FFCC00 #000099

Галерија

Струмица Категорија:Општина Струмица Категорија:Култура на Струмица