Заридски Гробишта — археолошко наоѓалиште во прилепското село Штавица. Претставува некропола од непознат период.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа јужно од селото, на оддалеченост околу 500 метри.
Опис
На површината се гледаат надгробни камени плочи и еден крст. Мештаните веруваат дека таму се наоѓаат христијански гробишта од постара населба, која пропаднала кога имало чума. Кај крстот, селаните се собирале до 1946 година за Духовден.
Поврзано Браненица — населба од римското време; Полатица — осамени наоди (монети) од раноантичкото време; Цуцул — осамени наоди (монети) од римското време; Штавица; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
Категорија:Штавица