Битка кај Кревола — водена во пролетта 1487 година, помеѓу разбојничка швајцарска војска од Вале и Луцерн и трупи од Миланското Војводство, за превласт на Вал д'Осола (Ешентал).

Прелудиум Во 1487 година, од непознати, но ситни причини, епископот Јост фон Силенен влегол во спор со грофот од Арона, чие фењористство бил војводата од Милано. Витезот Албин фон Силенен, брат на епископот Јост фон Силенен, бил назначен за водач на оваа воена експедиција. Штом превојот Симплон станал прооден, Швајцарците преминале во Вал д'Осола; тука им се придружиле уште 1.000 Швајцарци, кои се враќале од Савоја.

Битка Швајцарците го опседнале Домо, го окупирале замокот Матарела и ужасно ги опустошиле осиромашените долини. Меѓутоа, војводата од Милано им наредил на Осоланите да ги држат Швајцарците неактивни со лажни мировни преговори, сè додека војводството не можело да испрати доволно војска. Откако војниците биле собрани, тие биле поделени во три одделни корпуси под команда на Ренато Тривулцио, грофот Боромео и Џо Пјетро Бергамино. Швајцарците додека ограбувале во селата на Вале Виџецо, биле нападнати од миланските војски од три страни. Швајцарците формирале квадрат и следела убиствена борба, во која Швајцарците изгубиле 800-1000 луѓе и целиот нивен багаж. На останатите швајцарски трупи им било дозволено да избегаат во непроодниот планински венец. Телата на мртвите Швајцарци биле осквернавени од локалните селани: главите и прстите биле отсечени, главите биле ставани на копја, а прстите биле користени како украси за капи.

Последици Сепак, понатамошно крвопролевање било спречено кога легација на Старата швајцарска конфедерација договорила мировен договор со Војводството Милано на 23 јули 1487 година.

Наводи

Категорија:Италија во 15 век Категорија:Европа во 1487 година