мини|Елемија Елемија — направа која служи за премотување на предиво од чиле во клопче или макара.

Опис Елемијата вообичаено е изработена од дрво. Се состои од потпор на која стои направата, изработена од помасивно дрво за да ја држи елемијата стабилна, и тело во облик на пресечен стожец изработено од вкрстени штички на основите и штички што ги спојуваат двете основи. (види слика) Обликот на пресечен стожец овозможува да се поставуваат различни големини чилиња.

Употреба Предивото во облик на чиле што се добило со мотање на истото на мотовило, се поставува на елемијата, се зема надворешниот крај од предивото и се премотува во клопче или на макара.

Наводи

Категорија:Текстилна индустрија Категорија:Ткаење Категорија:Плетење