„Стаклена менажерија“ (англиски: The glass menagerie) – филм на режисерот Пол Њумен (Paul Newman) од 1987 година, снимен по сценариото на Тенеси Вилијамс (Tennessee Williams), засновано врз неговата истоимена драма. Главните улоги ги играат: Џоан Вудворд (Joanne Woodward), Џон Малкович (John Malkovich), Карен Ален (Karen Allen) и Џејмс Нотон (James Naughton). Во 1988 година, филмот бил номиниран за „Златен глобус“ и за „Греми“ за најдобра изворна музика (дело на Хенри Мансини) Staklena menažerija, američki film (1987.) (пристапено на 16.1.2026)

Синопсис Младиот Том Винфилд (го игра Малкович) е неостварен писател кој фантазира да побегне од семејната куќа. Неговиот татко одамна го напуштил семејството за кое се грижи неговата посесивна и авторитативна мајка, Аманда (ја игра Вудворд). Таа не ги почитува желбите на своите деца, туку сака целосно да ги контролира нивните животи, така што целито свет го гледа низ призмата на синот Том и ментално нестабилната и чувствителна ќерка Лора (ја игра Ален). Целото слободно време Том го троши на гледање евтини филмови на кино, а Аманда е опседната со планот да најде соодветен сопруг за Лора, која пак бега од стварноста грижејќи се за својата збирка на стаклена менажерија. Една вечер, Том го поканува дома пријателот Џим О’Конор (го игра Нотон) и Аманда се надева дека тој е добар кандидат за Лора. Нештата се заплеткуваат кога се открива дека Лора е заљубена во Џим уште од средношколските денови, но тој е свршен, а Том конечно одлучува да го напушти домот...

Наводи

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1987 година Категорија:Филмови засновани на драми Категорија:Филмови на Пол Њумен Категорија:Филмови со Џоан Вудворд Категорија:Филмови со Џејмс Нотон Категорија:Филмови со Карен Ален Категорија:Филмови со Џон Малкович