Психро () — древна минојска света пештера во висорамнината Ласити во областа Ласити на источен Крит. Психро се поврзува со Диктејската или Диктајанската пештера (; Диктеон Антрон), едно од местата за кои се верувало дека е родно место на Зевс. Според други легендаи, родното место на Зевс било Идејската Пештера (Ἰδαῖον Ἄντρον) на планината Ида. Според Теогонија од Хесиод (477-484), Реја го родила Зевс во Ликт и го скрила во пештера на планината Егеон. Од крајот на деветнаесеттиот век, пештерата над современото село Психро се идентификува со Диктејската Пештера, иако постојат и други кандидати, особено пештерата над Палаикастро на планината Петсофас.MacGillivray, Alexander, and Hugh Sackett. “The Palaikastro Kouros: the Cretan God as a Young Man”, p. 167, British School at Athens Studies, vol. 6, 2000, pp. 165–169. JSTOR. Accessed 22 Feb. 2021
Географија Пештерата се наоѓа во префектурата Ласити. Во минојско време, градот Малија бил најблискиот метрополитенски центар.
Мит десно|мини|250x250пкс|Крадците Лај, Целеј, Еголиј и Кербер биле каснати од пчели во Диктејската пештера Диктејската пештера била позната во старогрчката митологија како местото каде што Амалтеја го хранела Зевс со козјо млеко кога тој бил бебе. Археологијата сведочи за долгогодишната употреба на местото како место за култно обожавање. Дадилката на Зевс, која била задолжена од Реја да го одгледа во тајност тука, за да го заштити од неговиот татко Крон, во некои контексти е именувана како нимфата Адрастеја.Bibliotheke, 1.1.6. Тоа е една од бројните пештери за кои се верувало дека е родно место или скривалиште на Зевс. Планините, од кои е дел пештерата, се познати на Крит како Дикте. десно|мини|Базенот со вода во пештерата десно|мини|Идејска пештера
Наводи
Извори Jones, Donald W. (1999). Peak Sanctuaries and Sacred Caves in Minoan Crete Rutkowski, B., and Krzysztof Nowicki (1996). The Psychro Cave and Other Sacred Grottoes in Crete (Warsaw: Polish Academy of Science) Watrous, L. Vance (1996). The Cave Sanctuary of Zeus at Psychro: A Study of Extra-Urban Sanctuaries in Minoan and Early Iron Age Crete (Liège/Austin: Université de Liège / University of Texas at Austin)
Надворешни врски
Грчко Министерство за култура Категорија:Зевс Категорија:Свети пештери Категорија:Места во старогрчката митологија Категорија:Координати на Википодатоците