Света Петка () — пештерна црква крај селото Пустец во Мала Преспа, Албанија. Влегува во состав на Горичката митрополија на Албанската православна црква.

Црквата ѝ е посветена на великомаченицата Света Петка чиј култ во диоцезата на Охридската архиепископија бил многу почитуван.

Местоположба Оваа мала пештерна црква се наоѓа на околу 2 километри североисточно од селото Пустец.

Живопис Заради премачкување на ѕидовите со вар од поново време не може да се одредат постари живописи.

Наводи

Категорија:Пештерни цркви во Албанија Категорија:Цркви во Горичката митрополија Категорија:Пустец (општина)