Калапот (, Панорама, до 1953 г. Καλαπότι, Калапоти) — село во Зихненско, Егејска Македонија, денес во општината Просечен на округот во Драма, Источна Македонија и Тракија, Грција. Пред Втората балканска војна било населено исклучиво со Македонци.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Зихна, на надморска височина од 560 м. Лежи на 20 км северозападно од општинското седиште Просечен високо во клисурата која ја дели планината Штудер од Сминица и Драмското од Лиското Поле.
Историја Во Отоманското Царство дясно|мини|250п|Фреска на св. Кирил и Методиј со избришани македонски натписи, како ја држат кирилицата, која исто така е избришана. Црквата „Св. Димитриј“, 1874 г. Во минатото Калапот било чисто македонско село, чие насеение се занимало со дервенџиство. До првата половина на XIX век во селото било копањето на железна руда, но поатоците за истото се мошне оскудни. Подоцна се развило јагленарството, а потоа дел од населението почнало да се занимава и со кираџиство. Околи Калапот имало многи стари рудни ходници — сведоштво за развиеното рударство во средниот век.
Во втората половина на XIX век селото било дел од Зихненската Каза на Серскиот Санџак. Во 1841 г. е изградена црквата „Успение на пресв. Богородица“. Грчката статистика од 1866 г. го води Калаподи (Καλαπόδι) како село со 1.550 жители православни Македонци.Нарекувајќи ги „Бугари“ согласно нивниот негаторски став.Ν. Σχινά, "Οδοιπορικαί σημειώσεις, Μακεδονία", τόμος Β', Εν Αθήναις 1866, наведено од порталот на Општина Зелјахово Во 1865 г. е изградена црквата „Св. Димитриј“, живописана во 1874 г.
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Калапот (Kalapot) било село со 328 домаќинства на 1.000 жители Македонци. Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) го обележал Калапод како село со 240 македонски куќи.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал:
Кон 1900 г. според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) Калапот броел 2.500 жители Македонци. Сите жители биле под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Калапот (Kalapot) имало 3.200 Македонци под егзархијата и работело бугарско основно училище со 2 учители и 129 ученици.
Во минатото Калапот било село на цркви и манастири – вкупно 8. Манастири имало насекаде во околината, а најголем од нив бил „Свети Димитар“, изграден со средства на казата.
Во Грција Во 1913 г. за време на Втората балканска војна Калапот бил разорен и запален од Грците,Македонски мартиролог, съставител Цочо Билярски, Анико, София, 2005, стр.162. а голем дел од месните Македонци побарале спас во Бугарија.Иванов, Йордан. "Населението в югоизточна Македония (Сярско, Драмско и Кавалско)". София, 1917, стр.23. Според грчката статистика, во 1913 г. во Калапот (Καλαπότι) живееле 168 лица. По војната селото останало под Грција.
Од 1916 до 1918 г. Калапот бил под бугарска управа. Податоците од март 1918 г. укажуваат на 380 жители и 83 куќи. Пролетта истата година во селото имало двајца свештеници и работел манастир.Цокова, Полина. Дейността на Неврокопската митрополия в периода на войните 1912-1919 година, Исторически преглед, книжка 1-2, 2009, с. 105-106.
Во 1913 и 1918 г. речиси целото население трајно се иселило во Бугарија, а останале само 2–3 семејства. Најмногу потомци на бегалците од Калапот има во Неврокоп (Г. Делчев), каде основале цела населба наречена Калапотско Маало. По Трлискиот инцидент во 1924 г. во Бугарија избегале уште 55 лица. Во 1920-тите години на местото на иселените Македонци се доведени 46 грчки семејства од Турција со 161 лице. Во 1928 г. селото било мешано македонско-дојденско, од кои 46 дојденски семејства со 164 жители. Во Калапот потоа се доселиле уште грчки дојденци од околните села.
По крајот на бугарската окупација, во 1945–1946 г. дошло до нов иселенички бран во Бугарија. За време Грчката граѓанска војна (1946–1949) населението е преместено во внатрешноста на земјата и по нормализацијата на состојбата во селото се вратил само еден дел од жителите. Во 1953 г. селото е преименувано во Панорама. Од 1960-тите почнало масовно иселување во големите градови.
+ Места во заедницата Калапот преименувани со службен указ на 13 јануари 1969 година Име Име Ново име Ново име Опис Каин БунарПо топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“ Καΐν Μπουνάρ Пурнарија Πουρνάρια месност на Сминица на З од Калапот Долно Черешово Κάτω Τσερέσοβα Като Керасија Κάτω Κερασιά месност на Сминица на З од Калапот Горно Черешово Άνω Τσερέσοβα Ано Керасија Άνω Κερασιά месност на Сминица на З од Калапот Равеница Ραβενίτσα Ипсома Аврамиди Ύψωμα Άβραμίδη врв на Сминица на Ј од Калапот Главица Γκλαβίτσα Кефалаки Κεφαλάκι врв на Штудер на Ј од Калапот Куз Баир Κούζ Μπαΐρ Скиерон Σκιερόν гора на Штудер на С од Калапот
Културни и природни знаменитости Црква „Успение на пресв. Богородица“ од 1841 г. Црква „Св. Димитриј“ — манастирска црква од 1865 г.
Личности Родени в Калапот мини|десно|250п|Георги Киљов - Правото Ангел Костадинов — тутунски работник, деец на Станимачкото македонско братство Ангел Петров Милитиев (1858 – 1937) — револуционер на ВМОК Ангел Петков Ласин (1887 – 1960) син на Петко Ласин, учествувал во борбите за Битола во Првата светска војна, останал заробеник 7 години во Марсилија, Франција Атанас Василев — тутунски работник, деец на Станимачкото македонско братство Атанас К. Малинов — тутунски работник, деец на Станимачкото македонско братство Атанас Попјанев — тутунски работник, деец на Станимачкото македонско братство Георги Дерменџиев (1906 – ?) — револуционер на ВМРО Георги Пандев – Миздрахи (1869 – 1929) — револуционер на ВМОРО Георги Иванов Стефанов — тутунски работник, деец на Станимачкото македонско братство Георги Кемалов (1889 – 1923) — деец на БЗНС Георги Киљов – Правото (1884 – 1925) — комунист Георги Попатанасов (1884 – 1923) — револуционер и деец на БЗНС Димитар Каракузов (? – 6 јули 1906) — деец на ВМОРО, загинал во атентат врз грчкото казино во Драма во кој учествувале Пејо Гарвалов и Димо Попигнатов Димитар Кемалов (1899 – 1923) — деец на БЗНС Димитар Попангелов — свештеник Иван Атанасов Дуков — тутунски работник, деец на Станимачкото македонско братство Иван Костадинов — бакал, деец на Станимачкото македонско братство Иван Костов — доброволец во четата на Иван Атанасов – Инџето во Српско-бугарската војна во 1885 г. Иван Милушев (1893 – 1932) — револуционер Илија Михајлов Илчев — поручник во Бугарија, загинал во Втората светска војнаДВИА, ф. 39, оп. 3, а.е. 112, л. 1 Кирил Кемалов (1906 – 1973) — деец на БЗНС Костадин Дерменџиев (? – 1923) — деец на БЗНС Костадин Попиванов (? – 1923) — деец на БЗНС Кочо Ангелов — тутунски работник, деец на Станимачкото македонско братство Крсто Клепачев — тутунски работник, деец на Станимачкото македонско братство Никола Георгиев — лебар, деец на Станимачкото македонско братство Никола Геров (1878 – 1972) — свештеник и револуционер Никола Попов — учител, комунист до Спетемвриското востание, потоа прешол во ВМРО, учител во Мусомишта, а по 1941 г. вратен во родното село, умрел од рак пред 1944 г. Петко Ласин (ок. 1850 – 1910) — во домот ги пречекувал Гоце Делчев и Јане Сандански
Други Ева Тупарова (1923 – 2002) — глумица во Бугарија, по потекло од Калапот
Наводи
Надворешни врски
Страница за Калапот на поранешниот општински портал