Кинески зодијак или кинески хороскоп (, шенгсјао) — класификација во кинескиот календар која на секоја година ѝ припушува животно и неговите особености во повторлив дванаесетгодишен циклус. Зодијакот игра важна улога во традиционалната кинеска култура и претставува одраз на кинеската филозофија и култура. Според кинеските народни верувања, карактерот на еден човек е врзан со одликите на нивниот хороскопски знак (хороскопско животно). Овој зодијак води потекло од Кина, а неговите варијанти се присутни во многу земји од Источна и Југоисточна Азија како Јапонија, Јужна Кореја, Виетнам, Сингапур, Непал, Бутан, Камбоџа и Тајланд.

Како и западниот зодијак, тој е поделен на дванаесет дела и на луѓето им припишува одлики родени во тој знак, но во случајот на кинескиот зодијак, знакот важи за целата година, додека пак целиот циклус во запдниот е во рамките на една година.

Постојат две сметања на почетокот на кинескиот зодијак: едни сметаат дека почнува од новата година, а други со почетокот на пролетта.

Предание за настанокот Според преданието, митскиот Жаден Цар приредил трка за да одлучи кои животни да си стави во календарот. Како победник, стаорецот ја добил првата година од 12-годишниот циклус, а останатите животни доаѓаат по радоследот во кој ја завршиле трката.

Знаци

Зодијакот традиционално почнува со стаорецот. Ова се дванаесетте хороскопски знаци по редослед, секој со своите одлики (небесни стебла, земска гранка, силата јин и јанг, трин и природен елемент).Theodora Lau, The Handbook of Chinese Horoscopes, pp. 2–8, 30–35, 60–64, 88–94, 118–124, 148–153, 178–184, 208–213, 238–244, 270–278, 306–312, 338–344, Souvenir Press, New York, 2005 Верувањето дека секој човек и секое животно имаат своја улога во општеството доаѓа од конфуцијанското учење за хиерархијата на општеството. Употребата на зодијакот истрајува во разни азиски земји исто како што истрајуваат конфуцијанските убедувања.

Број Македонски Животно Земска гранка Јин/јанг Трин Траен елемент 1 Стаорец 鼠 шу子 ѕе јанг прв вода 2 Вол 牛 њу丑 чоу јин втор земја 3 Тигар 虎 ху寅 јин јанг трет дрво 4 Зајак 兔 ту卯 мао јин четврти дрво 5 Змеј 龍/龙 лунг辰 чен јанг прв земја 6 Змија 蛇 ше巳 се јин втор оган 7 Коњ 馬/马 ма午 ву јанг трет оган 8 Коза 羊 јанг未 веј јин четврти земја 9 Мајмун 猴 хоу申 шен јанг прв метал 10 Петел 雞/鸡 ѓи酉 јоу јин втор метал 11 Куче 狗 гоу戌 су јанг трет земја 12 Свиња 豬/猪 џу亥 хај јин четврти вода

Во кинеската астрологија знаците се според годината и го означуваат самопретставувањето на личноста или нејзиното восприемање во очите на другите. Погрешно е сметањето дека годишните знаци се единствените знаци во кинеската астрологија. Има знаци (животни) кои се водат според месецот (наречени „внатрешни животни“), според денот (наречени „вистински животни“) и според часот (наречени „тајни животни“). Земјата е присутна во сите дванаесет знаци, со пет годишни времиња.

Мишел Ферлис (2013) забележува дека старокинеските имиња на земските гранки се од австроазиско потекло.Ferlus, Michel (2013). The sexagesimal cycle, from China to Southeast Asia. 23rd Annual Conference of the Southeast Asian Linguistics Society, May 2013, Bangkok, Thailand. <halshs-00922842v2> Некои од неговите споредби се дадени подолу, каде старокинската реконструкција е добиена од Бакстер и Сагарт (2014).

丑: старокинески *[n̥]ruʔ (спор. правиетмуоншки *c.luː „бивол“) 午: старокинески *[m].qʰˤaʔ (спор. правиетмуоншки *m.ŋəːˀ) 亥: старокинески *[g]ˤəʔ (спор. северен правиетмуоншки *kuːrˀ)

Има и лексичко соодветство со австронезиските јазици: 未: старокинески *m[ə]t-s (спор. атајалски miːts)

Назиците на земските гранки се посведочени од натписи во времето на династијата Шанг и веројатно се користеле и пред тоа. Ферлис (2013) вели дека тие се позајмени во многу постаро време од австроазиските јазици кои тогаш се говореле во подрачјето на реката Јангцекјанг.

Кинески календар

Години

Во рамките на Четирите столба, годината е столбот со информации за семејната и општествената позадина на лицето, и неговата врска со бабата и дедото. Возраста на лицето лесно се гледа од неговиот знак, знакот на тековната година и неговата генерација (тинејџер, во средината на 20-тите итн). на пример, лицето родено како тигар има 12, 24, 36 (итн.) години во годината на тигарот (2022); во годината на зајакот (2023), тоа лице е една година постаро.

Следнава табела го прикажува 60-годишниот циклус ускладен со грегоријанскиот календар за периодот од 1924 до 2043 г. Шеесетгодишниот циклус почнува со периодот личуен околу 4 февруари според некои астролошки извори.

  Година Година ЖивотноЈин/јанг Елемент Небесностебло Земскагранка 1924–1983 1984–204315 февруари 1924 – 23 јануари 19252 февруари 1984 – 19 февруари 1985 Стаорецјанг дрво 甲子224 јануари 1925 – 12 февруари 192620 февруари 1985 – 8 февруари 1986 Волјин дрво 乙丑313 февруари 1926 – 1 февруари 19279 февруари 1986 – 28 јануари 1987 Тигарјанг оган 丙寅42 февруари 1927 – 22 јануари 192829 јануари 1987 – 16 февруари 1988 Зајакјин оган 丁卯523 јануари 1928 – 9 февруари 192917 февруари 1988 – 5 февруари 1989 Змејјанг земја 戊辰610 февруари 1929 – 29 јануари 19306 февруари 1989 – 26 јануари 1990 Змијајин земја 己巳730 јануари 1930 – 16 февруари 193127 јануари 1990 – 14 февруари 1991 Коњјанг метал 庚午817 февруари 1931 – 5 февруари 193215 февруари 1991 – 3 февруари 1992 Козајин метал 辛未96 февруари 1932 – 25 јануари 19334 февруари 1992 – 22 јануари 1993 Мајмунјанг вода 壬申1026 јануари 1933 – 13 февруари 193423 јануари 1993 – 9 февруари 1994 Петелјин вода 癸酉1114 февруари 1934 – 3 февруари 193510 февруари 1994 – 30 јануари 1995 Кучејанг дрво 甲戌124 февруари 1935 – 23 јануари 193631 јануари 1995 – 18 февруари 1996 Свињајин дрво 乙亥1324 јануари 1936 – 10 февруари 193719 февруари 1996 – 6 февруари 1997 Стаорецјанг оган 丙子1411 февруари 1937 – 30 јануари 19387 февруари 1997 – 27 јануари 1998 Волјин оган 丁丑1531 јануари 1938 – 18 февруари 193928 јануари 1998 – 15 февруари 1999 Тигарјанг земја 戊寅1619 февруари 1939 – 7 февруари 194016 февруари 1999 – 4 февруари 2000 Зајакјин земја 己卯178 февруари 1940 – 26 јануари 19415 февруари 2000 – 23 јануари 2001 Змејјанг метал 庚辰1827 јануари 1941 – 14 февруари 194224 јануари 2001 – 11 февруари 2002 Змијајин метал 辛巳1915 февруари 1942 – 4 февруари 194312 февруари 2002 – 31 јануари 2003 Коњјанг вода 壬午205 февруари 1943 – 24 јануари 19441 февруари 2003 – 21 јануари 2004 Козајин вода 癸未2125 јануари 1944 – 12 февруари 194522 јануари 2004 – 8 февруари 2005 Мајмунјанг дрво 甲申2213 февруари 1945 – 1 февруари 19469 февруари 2005 – 28 јануари 2006 Петелјин дрво 乙酉232 февруари 1946 – 21 јануари 194729 јануари 2006 – 17 февруари 2007 Кучејанг оган 丙戌2422 јануари 1947 – 9 февруари 194818 февруари 2007 – 6 февруари 2008 Свињајин оган 丁亥2510 февруари 1948 – 28 јануари 19497 февруари 2008 – 25 јануари 2009 Стаорецјанг земја 戊子2629 јануари 1949 – 16 февруари 195026 јануари 2009 – 13 февруари 2010 Волјин земја 己丑2717 февруари 1950 – 5 февруари 195114 февруари 2010 – 2 февруари 2011 Тигарјанг метал 庚寅286 февруари 1951 – 26 јануари 19523 февруари 2011 – 22 јануари 2012 Зајакјин метал 辛卯2927 јануари 1952 – 13 февруари 195323 јануари 2012 – 9 февруари 2013 Змејјанг вода 壬辰3014 февруари 1953 – 2 февруари 195410 февруари 2013 – 30 јануари 2014 Змијајин вода 癸巳313 февруари 1954 – 23 јануари 195531 јануари 2014 – 18 февруари 2015 Коњјанг дрво 甲午3224 јануари 1955 – 11 февруари 195619 февруари 2015 – 7 февруари 2016 Козајин дрво 乙未3312 февруари 1956 – 30 јануари 19578 февруари 2016 – 27 јануари 2017 Мајмунјанг оган 丙申3431 јануари 1957 – 17 февруари 195828 јануари 2017 – 15 февруари 2018 Петелјин оган 丁酉3518 февруари 1958 – 7 февруари 195916 февруари 2018 – 4 февруари 2019 Кучејанг земја 戊戌368 февруари 1959 – 27 јануари 19605 февруари 2019 – 24 јануари 2020 Свињајин земја 己亥3728 јануари 1960 – 14 февруари 196125 јануари 2020 – 11 февруари 2021 Стаорецјанг метал 庚子3815 февруари 1961 – 4 февруари 196212 февруари 2021 – 31 јануари 2022 Волјин метал 辛丑395 февруари 1962 – 24 јануари 19631 февруари 2022 – 21 јануари 2023 Тигарјанг вода 壬寅4025 јануари 1963 – 12 февруари 196422 јануари 2023 – 9 февруари 2024 Зајакјин вода 癸卯4113 февруари 1964 – 1 февруари 196510 февруари 2024 – 28 јануари 2025 Змејјанг дрво 甲辰422 февруари 1965 – 20 јануари 196629 јануари 2025 – 16 февруари 2026 Змијајин дрво 乙巳4321 јануари 1966 – 8 февруари 196717 февруари 2026 – 5 февруари 2027 Коњјанг оган 丙午449 февруари 1967 – 29 јануари 19686 февруари 2027 – 25 јануари 2028 Козајин оган 丁未4530 јануари 1968 – 16 февруари 196926 јануари 2028 – 12 февруари 2029 Мајмунјанг земја 戊申4617 февруари 1969 – 5 февруари 197013 февруари 2029 – 2 февруари 2030 Петелјин земја 己酉476 февруари 1970 – 26 јануари 19713 февруари 2030 – 22 јануари 2031 Кучејанг метал 庚戌4827 јануари 1971 – 14 февруари 197223 јануари 2031 – 10 февруари 2032 Свињајин метал 辛亥4915 февруари 1972 – 2 февруари 197311 февруари 2032 – 30 јануари 2033 Стаорецјанг вода 壬子503 февруари 1973 – 22 јануари 197431 јануари 2033 – 18 февруари 2034 Волјин вода 癸丑5123 јануари 1974 – 10 февруари 197519 февруари 2034 – 7 февруари 2035 Тигарјанг дрво 甲寅5211 февруари 1975 – 30 јануари 19768 февруари 2035 – 27 јануари 2036 Зајакјин дрво 乙卯5331 јануари 1976 – 17 февруари 197728 јануари 2036 – 14 февруари 2037 Змејјанг оган 丙辰5418 февруари 1977 – 6 февруари 197815 февруари 2037 – 3 февруари 2038 Змијајин оган 丁巳557 февруари 1978 – 27 јануари 19794 февруари 2038 – 23 јануари 2039 Коњјанг земја 戊午5628 јануари 1979 – 15 февруари 198024 јануари 2039 – 11 февруари 2040 Козајин земја 己未5716 февруари 1980 – 4 февруари 198112 февруари 2040 – 31 јануари 2041 Мајмунјанг метал 庚申585 февруари 1981 – 24 јануари 19821 февруари 2041 – 21 јануари 2042 Петелјин метал 辛酉5925 јануари 1982 – 12 февруари 198322 јануари 2042 – 9 февруари 2043 Кучејанг вода 壬戌6013 февруари 1983 – 1 февруари 198410 февруари 2043 – 29 јануари 2044 Свињајин вода 癸亥

Складност и нескладност

Бидејќи кинескиот зодијак е изведен од древната теорија за петте елементи, секој кинески знак е поврзан со пет елементи, односот меѓу тие елементи: вметнување, заемодејство, прекудејство и противдејство. Се сета дека ова е законитоста за движењата и промените на суштествата во вселената. Се верува дека луѓето со различен знак (животно) имаат различни карактери, па затоа познавачите на кинеската астрологија ги ги проверуваат овие поединости и складности кога советуваат за насоки во животот, љубовта и бракот. Нашироко се употребува нагледна шема, на која се претставени знаците и нивните односи. Знаците кои се сметаат за складни имаат слични вредности и интереси, а нескладните имаат спротивни карактери и начини на општење.

+ Складност на знаците во кинескиот зодијак Знак Највеќе си одговараат (складни). Четири тринови (三合) Највеќе си одговараат (складни). Шест склопови (六合) Просечно совпаѓање (пријателски) Многу лошо (спротивстаени). Шест судирни групи (六冲) Штетно (да се избегнува). Шест меѓусебно штетни групи (六害) Казнени групи (相刑). Поштетни од штетните и судирнитеСтаорецЗмеј, МајмунВолСвиња, Тигар, Куче, Змија, Петел, СтаорецКоњКозаЗајакВолЗмија, ПетелСтаорецМајмун, Куче, Зајак, Тигар, Змеј, Свиња, ВолКозаКоњТигарКоњ, КучеСвињаЗајак, Змеј, Петел, Стаорец, Коза, Вол, ТигарМајмунЗмијаЗајакКоза, СвињаКучеТигар, Мајмун, Зајак, Вол, Коњ, ЗмијаПетелЗмејСтаорецЗмејСтаорец, МајмунПетелТигар, Змија, Коњ, Коза, Свиња, ВолКучеЗајакЗмејЗмијаВол, ПетелМајмунКоњ, Змеј, Коза, Куче, Зајак, Стаорец, ЗмијаСвињаТигарКоњТигар, КучеКозаЗмија, Зајак, Змеј, Петел, Свиња, МајмунСтаорецВолКоњКозаЗајак, СвињаКоњЗмија, Коза, Змеј, Мајмун, Петел, Куче, ТигарВолСтаорецМајмунСтаорец, ЗмејЗмијаМајмун, Куче, Вол, Коза, Зајак, Петел, КоњТигарСвињаПетелВол, ЗмијаЗмејКоњ, Коза, Свиња, Тигар, Мајмун, СтаорецЗајакКучеПетелКучеТигар, КоњЗајакМајмун, Свиња, Стаорец, Вол, Змија, Коза, КучеЗмејПетелСвињаЗајак, КозаТигарСтаорец, Петел, Куче, Змеј, Коњ, ВолЗмијаМајмунСвиња

Приказни за потеклото