За главниот град на државата, погл. Буенос Аирес.
Буенос Аирес () е најнаселената покраина во Аргентина. Главен град е Ла Плата (850.000 жители) и се наоѓа 50 км јужно од главниот град Буенос Аирес.
Географија
Буенос Аирес има површина од 307.571 км2 и се граничи со Рио Негро, Ла Пампа, Кордоба, Санта Фе и Ентре Риос. На исток излегува на Атлантикот. Воедно е и најголема покраина во Аргентина.
Претежно е рамничарска земја со исклучок на возвишенијата: Сиера де ла Вентана и Сиера де Тандил. Највисок врв е Серо Трес Пикос (1.239 м), а најдолга река е Саладо (700 км).
Клима Просечната температура во покраината изнесува помеѓу 13 и 17 °C. На брегот ветровите се студени и влажни. Има дождови од 500 до 1.000 мм годишно.
Стопанство Развиено е сточарството, од кои најмногу овчарството, свињарството, и живинарството. Од големо значење е и млекарската индустрија.
Од земјоделските култури најмногу се одгледува соја, пченка, пченица, сончоглед. Има исто и маслинови полиња.
Од индустријата најразвиени се хемиската, металургијата, автомеханиката, текстилната индустрија и производството на храна. со учинок од 50% од вкупното производство во земјата.
Туризам Туризмот најзастапен е на атлантскиот брег. Познати туристички места се: Самборомбон Беј, Мар дел Плата и др.
Административна поделба Покраината е поделена на 134 административни делови (partidos)
Поврзано Административна поделба на Аргентина
Наводи
Надворешни врски Управен портал на покраината Буенос Аирес Кратка историја на градовите Секретаријат за внатрешни работи на покраината Историја и туризам
Категорија:Покраини во Аргентина
Категорија:Држави и територии настанати во 1820 година