мини|Реката Парана, Ентре Риос Ентре Риос () е една од покраина на Аргентина, сместена во регионот Месопотамија во североисточниот дел на земјата. Се граничи со покраините Буенос Аирес (југ), Кориентес (север) и Санта Фе (запад), и Уругвај на исток.

Главен град е Парана (250,000 жители), и лежи на истоимената река Парана.

Стопанство Од земјоделието најзастапен е оризот (60% од националното производство), сојата, пченицата, пченката, и агруми со што е и втор производител и 16% оди во извоз во Европа.

Од сточарството има говеда (4,5 милиони грла) и овци, од кои 60.000 км2 се пасишта и фарми.

Од вкупното национално производство на јајца, Ентре Риос има удел од 37%. Се произведува и мед најмногу за извоз.

Индустријата за производство на храна и пијалаци е многу застапена. Има и многу млинови во кои се произведува брашно. Исто застапена е дрвната, хемиската, металургиската и машинската индустрија.

Географија и клима Целиот регион е низина на некои места ива возвишенија до 100 м. Тука има два ридски предели т.н lomadas или cuchillas.

Името на покраината значи „меѓуречје“. Реки кои течат се: Парана на запад и југ; реката Уругвај и Мокорета на исток; и Гвајкираро на север.

Климата е суптропска се годишни врнежи до 900 мм.

Административна поделба Покраината еподелена на 17 департмани (departamentos).

Поврзано Административна поделба на Аргентина

Надворешни врски Управен портал Државен универзитет Туризам Туризам

Категорија:Покраини во Аргентина