десно|мини|200x200пкс|Модел на видманштетен што ги прикажува двете форми на никел-железо, камацит и тенит, во октаедритен метеорит.Тенитот — минерал што природно се наоѓа на Земјата, главно во железни метеорити. Тој е легура од железо и никел, со хемиска формула од пропорции на железо и никел од 20% до 65%.
Името е изведено од грчкиот збор ταινία што значи „лента“. Тенитот е главна состојка на железните метеорити. Во октаедритите се наоѓа во ленти што се преплетуваат со камацит, формирајќи Видманштетенова структура, додека кај атакситите е доминантна состојка. Во октаедритите може да се појави фина мешавина со камацит, која се нарекува плесит.
Тенитот е еден од четирите познати Fe-Ni метеоритски минерали: другите се камацит, тетратенит и антитенит.
Својства Непроѕирен е со металик сивкаста до бела боја. Структурата е изометрично-хексоктаедарска (Коцкест кристален систем). Неговата густина е околу 8 g/ cm3, а тврдоста е од 5 до 5,5 на Мосовата скала. Тенитот е магнетен, за разлика од антитенитот. Структурата е изометрично-хексоктаедарска (Коцкест кристален систем). Кристалната решетка има c≈a= . Никел-Штрунцова класификацијата е I/A.08-20, додека Џејмс Двајт Дана класификацијата е 1.1.11.2.
Метеоритски локалитети со тенит
Кампо дел Сиело, поле во Аргентина. Хенбершки резерват за заштита на матеорити во Австралија. Кањон Диабло во Аризона.
Поврзано
Речник на метеорити Список на минерали
Наводи
Литература Мејсон Б., 1962: Метеорити . Џ. Вајли и синови, Њујорк
Категорија:Никлени легури Категорија:Самородни елементи Категорија:Коцкести минерали Категорија:Минерали на никелот Категорија:Минерали на железото Категорија:Врски за Wayback од предлошката „Семарх“ Категорија:Метеорити