Метараухит — член на групата аутунити (минерали), пронајден во рудникот Јачимов (типска локација), Чешка и во Шнеберг, Германија. Групата аутунити е група на структурирани уранил фосфати и арсенати; другите членови на групата се аутунит, басетит,http://webmineral.com/data/Bassetite.shtml#.WhxsH0qnEuU хајнрихит, калерит, новачекит-I, новачекит-II, раухит,https://www.mindat.org/min-43270.html сабугалит,http://webmineral.com/data/Sabugalite.shtml#.Whxys0qnGUk салеит, торбернит, ураноцирцит, ураноспинит и цеунерит. Минералот бил именуван по чешкиот колекционер на минерали Лудек Раух, кој починал во рудниците Јахимов за време на потрагата по минерали.
Појава Метараухитот се јавува како секундарен минерал во силно оксидиран полиметален венски материјал. Метараухитот се наоѓа првенствено на две локации, и тоа во северниот дел од рудната област Јахимов, северозападна Бохемија, Чешка, како и во рудникот Хебер, Нојштедтел, Германија. Најчесто се поврзува со метазеунерит, еритрит и гипс (Јахимов) и метановачекит што содржи никел, метазеунерит, фармакосидерит (Шнеберг). И двете локации имаат површина што содржи силно изменети агрегати на примарна руда со остатоци од уранинит, арсенопирит и никелскутерудит и траги од природен бизмут во вената Швајцер во рудникот Едуард.
Физички својства Метараухитот има жолти до светло зеленикаво-жолти кристали, до 0,8 mm по големина, овие кристали се од транспарентни до проѕирни и покажуваат стаклест до бисерен сјај. Минералот покажува тврдост од 2 на Моовата скала на тврдост. Тој има дебели табеларни кристали, со преовладувачки пинакоид (011). Метараухитот е многу лесно кршлив и покажува совршено расцепување по должината на рамнината {011}. Метараухитот не покажува флуоресценција ниту во ултравиолетово зрачење со кратка и долга бранова должина. Густината на метараухитот не се мери лесно поради релативно малата големина на повеќето негови кристали; оттука е добиена само пресметаната густина од параметрите на единечната ќелија и емпириската формула, што ја дава вредноста 3,81 g/cm3.
Оптички својства Метарахитот е биаксијално негативен, покажува дека неговиот 2V е пресметан на 52°. Метарахитот е неплеохроичен и не покажува забележлива дисперзија. Има индекс на Гладстон-Дејлhttp://webmineral.com/help/Gladstone-Dale.shtml#.WhxxFUqnEuU од 0.03.
Хемиски својства Метараухитот е Ni- и As-доминантен член од групата хидрирани уранил арсенати и фосфати со аутунитен тип на плоча што содржи двовалентни катјони во нивниот меѓуслој. Тој е изоструктурен само со синтетички метакирххајмерит. Метараухитот покажува истакната супституција на Mg со Co, но магнезиумот е почесто супституиран со Ni кај видовите што се наоѓаат на локалитетот Шнеберг. Емпириската формула за метараухит е (Ni00,82Co0,12Mg 0,02)Σ0,96(UO 2)2,01[(AsO 4)1,88(PO4)0,03(SiO4)0,02]Σ1,93•8,21H2O (врз основа на 20 O,OH атоми). Поедноставено, формулата е Ni(UO2)2(AsO2)2•8H2O.
Хемиски состав (Јахимов) Оксид wt%ОпсегNiO6.055.58–7.10CoO0.910.7–1.13MgO0.090.00–0.24UO356.7255.65–60.97As2O521.3119.87–23.22P2O50.2217.14–17.69SiO20.093.43–5.18H2O14.611.37–1.43Total100%-
Хемиски состав (Шнеберг) Оксид wt%Опсег NiO5.484.81–6.86CoO0.810.57–1.09ZnO0.140.00–0.42MgO0.500.17–0.88UO358.4259.64–64.49As2O518.3414.03–23.61P2O50.220.64–3.83SiO20.090.00–0.42H2O14.19-Total100%
Кристалографија Метараухитот има Триклиничен кристален систем, со просторна група P1, и е класифициран како пинакоидален. Параметрите на ќелијата се a = 7,194(2) Å, b = 9,759(5) Å, c = 13,231(7) Å, α = 75,53(3)°, β = 84,01(3)°, γ = 81,59(3)°, што покажува однос a:b:c од 0,737:1:1,356. Волуменот на единичната ќелија е 887,53 А3 (пресметано од единичната ќелија). Кристалите на метараухитот покажуваат карактеристично мултиплицирано збратимување по должината на {011}.
Дифракција на рендгенски зраци во прав +интензитет на d-растојание8.625(100)5.078(25)5.044(29)4.277(29)3.568(50)3.492(28)3.424(26)2.990(21)
Наводи
Категорија:Минерали