Чорново ( или Φυτιά, Фитија, до 1926 година: Τσόρνοβον, ЦорновонΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσόρνοβον - Φυτεία) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција. До денес е населено исклучиво со Македонци.
Географија и местоположба
Селото е оддалечено околу 14 километри северозападно од градот Бер и 10 километри југоисточно од градот Негуш, на надморска височина од 480 метри. Површината на селскиот атар изнесува 44 квадратни километри.
Селото е сместено на источните падини планината Каракамен, на десет километри југозападно од селото Јанчишта.
Историја
Селото од своето основање, па сè до денес е населено со чисто македонско население и како такво не претрпело никакви етнички промени.
На пописот во 1912 година, селото е забележано со македонски јазик и христијанска вера.
Селото било преименувано во текот на 1926 година му било доделно името Фитија (Φυτεία).
Потекло и значење на името
Селото Чорново (понекогаш и Чернова) означува „црно вино“ и веројатно било така наречено поради големите лозови насади во областа и неговото црно вино.
Стопанство
Како полупланинско село, населението се занимава со земјоделство и сточарство. Се произведува овошје, пченица и други земјоделски производи. Прилично е развиено и самото сточарство, за кое постојат погодни услови.
Воедно, населението во селото отсекогаш се занимавало и со лозарство и винарство.
Население
Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во селото живееле 280 Македонци христијани.К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 145. По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Чорново (Tchornovo) имало 384 жители.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 222-223.
Во 1910 година во Чорново (Τσόρνοβον) имало 550 жители.Αθανάσιος Χαλκιόπουλος, Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
Селото веројатно било многу поголемо отколку што го забележал самиот К’нчов, затоа што во пописот од 1913 година било забележано со 639, во 1920 година со 679, во 1928 година со 776, во 1940 година со 977, во 1951 година со 880, во 1961 година со 828, во 1971 година со 635, во 1981 година со 537, а во 1991 година со 585 жители.
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 483 жител. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 409 жители.
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Добра со седиште во селото во Јанчишта, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Чорново, во кој покрај Чорново припаѓаат и Костемар, Љановрохи и Свети Никола.
Културни и природни знаменитости Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква од XVIII век, прогласена за споменик на културата Црква „Св. Никола“
Редовни настани
Атанасовден (18 јануари) — курбан во чест на Свети Атанасиј
Иселеништво
Голем дел од населението на селото поради барање за подобри услови во последните години се иселуваат од селото, претежно во градот Бер.
Наводи
Белешки
Категорија:Бер (општина)