мини|десно|250п|Петте елементи и нивните заемодејства Дрво (, , ) — еден од петте елементи (вусјинг) во кинеската филозофија. Симболизира растечка материја и проширување воопшто. Во јин-јанг дрвото е млад јанг, и гориво за оган. Ги карактеризира пролетта, истокот, планетата Јупитер, зелената боја, ветровитото време и Азурниот Змеј (Ѓинглунг) од Четирите симболи. Сините и синозелените бои исто така го претставуваат дрвото.
Особини Во таоистичката и медицинска мисла, за одлики на дрвото се сметаат јачината и флексибилноста, како што е случај со бамбусот. Се поврзува и со одлики како топлина, великодушност, соработка и идеализам. Лицето со овој елемент се смета за широко, друштвено, општествено совесно и смело, но лесно може да се изнервира и налути ако е ограничено, спречено или несфатено од другите. Елементот бара начини да расте и да се шири. Тој е предвесник на почетокот на животот, зората, пролетта и пупките, сензуалноста и плодноста. Му треба влага од неговата мајка земја или елемент од претходна фаза за да напредува.
Во кинеската медицина дрвото се поврзува со негативните чувства како бес, безнадежност, а со позитивните чувства на оптимизам, храброст, трпение и добродетелство (仁, жен). Душата поврзана со дрвото се нарекува хуен (魂).
Во овој елемент се поврзуваат црниот дроб (јин) и жолчката (јанг), киселиот вкус, жегливиот мирис, очите и жилите.
Астрологија Во кинеската астрологија дрвото е дел од 10-те небесни стебла (петте елементи во нивните јин и јанг облици), кои се комбинираат со 12-те земски гранки (или знаци од зодијакот), образувајќи го 60-годишниот циклус. Година на јанг-дрво (на пр. 1974). Година на јин-дрво (на пр. 1975).
Циклус на елементите Во регенеративниот циклус на петте елементи, водата го создава дрвото, „како што дождот и росата ги напојуваат растенијата“; од дрвото произлегува оган како што „огнот излегува кога се тријат две дрвца“ и истиот мора да се ложи со дрва. Бидејќи дрвото воедно гп претставува ветрот, тоа го храни живиот свет со дотур на кислород.
Во циклусот на совладување:
Дрвото ја совладува земјата бидејќи ја држи со неговите корења и влече храна од неа;
Металот го совладува дрвото, бидејќи металната секира ги сече и најголемите дрва.Theodora Lau, The Handbook of Chinese Horoscopes, pxxix-xxx, Souvenir Press, London, 2005 Во помалку преносна смисла, сувоста и студеноста на металот предизвикува листопад на дрвата со тоа што сокот ои нагоре и се враќа во корењата наесен.
Наводи
Категорија:Пет елементи