Жан-Филип Васал (, ) — француски архитект и академик. Тој го води архитектонското биро „Лакатон и Васал“, заедно со Ан Лакатон. Двајцата заеднички ја добиле Прицкеровата награда за архитектура за 2021 година.
Детство и образование Васал бил роден во 1954 година во Казабланка за време на францускиот протекторат Мароко. Дипломирал на Националната висока школа за архитектура и урбанизам во Бордо во 1980 година. По дипломирањето, поминал пет години во Нигер како архитект и урбанист.
Архитектонска пракса Васал, со Ан Лакатон, го основал архитектонското биро „Лакатон и Васал“ во Бордо во 1987 година, кое се преселило во Париз во 2000 година. Во својата работа „Лакатон и Васал“ главен акцент посветувала на градба со намалени трошоци. „Лакатон и Васал“ спровеле многу меѓународни проекти во областа на домувањето. Тие го извршиле високопрофилното реновирање на Токискта палата во Париз.
Во 2019 година, проектот за градската четврт Голем парк во Бордо (со Фредерик Дрио и Кристоф Итен) бил избран за добитник на наградата Мис ван дер Рое на Европската Унија за 2019 година, за најдобра современа архитектура во Европа. лево|мини|Архитектонско училиште, Нант Француските архитекти, кои се наоѓаат во париското предградие Монтреј, веруваат дека секоја структура може да се пренамени, да се реинвентира, да се освежи.
Академска кариера Васал бил визитинг-професор на институти како што се Национална висока школа за архитектура во Версај (2002–2006), Федерална политехничка школа во Лозана (EPF Лозана; 2010–2011), Техничкиот универзитет Берлин (ТУ Берлин 20107) и Уметнички универзитет Берлин (УУ Берлин; 2012–2022).
Награди и почести: Лакатон и Васал 1991: Lauréats des Albums de la Jeune Architecture, Франција 1999: Гран при Национална архитектура Млад талент, Франција 2006: Награда за архитектура „Шелинг“, Германија 2006: Одржливост и иновации во домувањето, Фондација „Ерих Шелинг“ 2008: Гран при Национална награда за архитектура 2009: Француски меѓународен соработник на Кралскиот институт на британски архитекти 2011: Награда за дневна светлина и градежни компоненти во Париз 2011: Prix de l'Équerre d'Argent (со Фредерик Дрио) 2014: Награда Ролф Шок, категорија ликовни уметности 2016: Награда за архитектура „Симон“/ Фондација „Мис ван дер Рое“ – Местата за живеење (со Фредерик Друо) 2016: Животно време достигнување – Архитектонско триенале во Лисабон (Trienal de Arquitectura de Lisboa) 2016: Златен медал на Академијата за архитектура 2016: Медал „Хајнрих Тесенов“, Германија 2019: Награда Миес ван дер Рое 2020: Голема награда BDA (Голема награда BDA) за нивното животно дело 2021: Прицкерова награда 2023: Медал Соун
Наводи
Надворешни врски – video interviews, philosophy, and work retrospective.
Категорија:Членови на Кралската шведска академија на ликовните уметности Категорија:Добитници на Прицкеровата награда Категорија:Живи луѓе