Основно училиште „Шефкет Ферати“ (во минатото: Основно училиште „Наим Фрашери“; службено: Подрачно основно општинско училиште „Шефкет Ферати“ - Долно Татеши; скратено: ПООУ „Шефкет Ферати“) — подрачно основно училиште во струшкото село Долно Татеши, во состав на ОУ „Орхан Џемаили“ - Горно Татеши од селото Горно Татеши, Општина Струга.
Денес, училиштето е именувано по Шефкет Ферати, додека во минатото училиштето го носело името на албанскиот поет, Наим Фрашери.
Местоположба
Училиштето се наоѓа во североисточниот дел на селото, над последните куќи во селото.
Настава
Во училиштето наставата се изведува на албански наставен јазик од прво до петто одделение.
Галерија
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Струга Долно Татеши Категорија:Долно Татеши