Ал-Јатима (, што значи „сирак“, се претпоставува дека било именувано по својата уникатна големина) — бисер „кој се смета за најславниот исламски скапоцен камен од средниот век“. Како стигнало во муслимански раце не е јасно: можеби стигнало од Визиготското Кралство или од Сасанидското Царство за време на муслиманските освојувања. За време на Омејадскиот париод, ал-Јатима бил изложен во куполата на Карпата во Ерусалим; таа (или друг скапоцен камен за кој се верува дека е тоа) паднала во рацете на Абасидите и станала дел од нивните кралски ознаки, вменати на круната на ал-Му’тасим (владеел 833-42 н.е.). Од десеттиот век па наваму, неговата историја е неизвесна. Книгата за дарови и реткости од 11 век бележи дека Јатимата била откриена од нуркачи за време на владеењето на Харун ал-Рашид и дека бисерот на Умејадите се нарекувал ал-ʿАдима („огромен“). Се претпоставува дека ал-Махди ѝ го дал на робинка по име Хасана, која го исекла за да прави коцка за играње.

Се претпоставува дека германската идеја за der Weise („сиракот“), скапоцен камен во круната на Светиот римски цар, била инспирирана од арапските традиции на ал-Јатима.Avinoam Shalem, 'Jewels and Journeys: The Case of the Medieval Gemstone Called al-Yatima', Muqarnas, 14 (1997), 42–56.

Наводи

Категорија:Минералогија Категорија:Скапоцени камења