мини|Полворон на својата хартиена обвивка мини|Мантекадос (не полворони) и нивните традиционални обвивки Полворон (од , шпански збор за прав или прашина) е вид на мек и многу трошлив шпански колач направен од брашно, шеќер, млеко и јаткасти плодови (особено бадеми). Тие најчесто се произведуваат во Андалусија, каде што има околу 70 фабрики кои произведуваат полворон и мантекадос. Под името мантекадос, овие слатки се традиционални колачи на други области на Пиринејскиот Полуостров и други земји што зборуваат шпански.

Полвороните се популарни празнични деликатеси во цела Шпанија, Јужна Америка и Филипините. Традиционално, тие се подготвувале од септември до јануари, но сега се достапни преку целата година.

Мантекадо Мантекадото е име за различни шпански колачиња што го вклучуваат и полворонот. Имињата често се синоними, но не сите мантекадо се полворони. Името мантекадо доаѓа од мантека (маст), обично маснотијата од ибериска свиња (cerdo ibérico), со која се прават, додека името полворон се базира на фактот дека овие колачи лесно се распаѓаат во еден вид прашина во раката или устата.

На Куба мантекадо е сладолед, а во Шпанија може да биде и името дадено на еден вид сладок шербет. На Филипините и Порторико, мантекадо е популарен традиционален вкус на сладолед, карактеризиран како мешавина од ванила и путер.

Галерија

Поврзано

Андалузиска кујна Колачи Маса подрида Путо секо Шпанска кујна Категорија:Колачи Категорија:Божиќна кујна