Cuscuta epithymum — паразитско растение кое припаѓа на семејството Cuscutaceae или Convolvulaceae, во зависност од таксономијата. Има кафеаво, розево или темноцрвено стебленце, не врши активно фотосинтеза. Листовите му се многу мали, како лушпи. Цветовите, распоредени во мали гломерули, имаат бело венечно ливче.

Во Евроазија, овој вид грмушка често се прилепува за мајчина душица (Thymus capitatus). Од овде доаѓа и неговото име epithymum, што значи „врз мајчина душица“.

Опис C. epithymum е паразитско растение без корен. Има тенки (0,25–0,40 mm) безвлакнести филиформни (кончести) стебла кои се розови, црвени, жолти или виолетови. Листовите му се многу мали и на стеблата се лушпести. Се прицврстува на растението домаќин. Цветовите се бели или розови во групи од 7–25, кои растат директно на стеблата. Цветовите имаат пет ливчиња и чашкино ливче. Цветовите се заменети со мали тркалезни плодови прекриени со овенати ливчиња. Плодовите содржат до четири семиња, секое долго околу 1 mm.

Опишани се шест различни видови на C. epithymum, врз основа на бројот, групирањето и структурата на цветовите.

Распространетост Како автохтон вид , C. epithymum се јавува од Макаронезија на запад низ поголемиот дел од Европа, па сè до источното Синџијанг во северозападна Кина. Исто така, присутен е во делови од западна Северна Африка.

Во Македонија го има на планината Јакупица, Маврово, Галичник, Кораб, Кичево, Дебар, Баба Сач, Галичица, Македонски Брод, Прилеп, Плетвар, Македонска Каменица, Кожуф, Валандово, Богданци, Дојран, Водно, и на други места.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 62-63, издавач: МАНУ, Скопје, 2010

Инвазивни видови C. epithymum е ненамерно внесен во Северна и Јужна Америка, Јужна Африка, Австралија, Нов Зеланд и Приморски крај (југоисточна Русија). Ваквата распространетост веројатно се случила поради увоз на контаминирано семе од култури врз кои паразитира, како што е луцерката.

Видови домаќини C. epithymum паразитира врз широк спектар на растителни видови. Само во Унгарија има 391 различни видови домаќини, од кои 191 бил единствениот вид Cuscuta кој паразитирал. Најчеститеповеќе од 20% растенија домаќини се Achillea millefolium (ајдучка трева), Galium verum (иванско цвеќе), Arrhenatherum elatius, Plantago lanceolata (машки тегавец), Lotus corniculatus, Sanguisorba minor, Festuca rupicola, Teucrium chamaedrys, Daucus carota (див морков) и Convolvulus arvensis (полска повивка). Во северозападна Европа, главните видови домаќини се суви видови на тревници како што се Ulex europaeus, детелина и Calluna vulgaris. Во Шпанија паразитира кај Hormathophylla spinosa. Во Македонија е широко распространето, и паразитира врз различни таксони од родовите Lamiaceae, Thymus, Apiaceae, Rubiaceae, и многу други.

Медицинска употреба Овој паразит е широко користен во традиционалната медицина за лекување на широк спектар на заболувања. Се користи како пургатив и за лекување на лудило, депресија, лепра, дијабетес, жолтица, заболувања на црниот дроб, заболувања на слезината, заболувања на уринарниот тракт, проблеми со видот, сифилис и ревматизам. Постојат индикации за хепатотоксичност кога се користи во високи дози во подолги периоди.

Влијание врз земјоделството Поради широкиот спектар на домаќини, способноста на семето да мирува подолг период и штетата предизвикана на растенијата домаќини, C. epithymum е од голема економска важност во земјоделството, како во рамките на неговиот домороден опсег, така и на многу места каде што е донесен. Во некои случаи, наездата може да доведе до целосно губење на посевите. Во Романија, сите мешункасти фуражни култури се нападнати од оваа паразитска трева. Исто така, познато е дека е вклучена во пренесувањето на растителни вируси на посевите, вклучувајќи ги шеќерна репка и компир.

Контролата на овој паразит е комбинација на превенција, како што е отстранување на семето од паразитот од семето на културите, механичка контрола, како што е плитко обработување и биолошка контрола, со употреба на габи како што е Colletotrichum destructivum.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Вилина коса Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Азија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј