Миметит — минерал од оловен арсенат хлорид (Pb5(AsO4)3Cl) кој се формира како секундарен минерал во оловни наслаги, обично со оксидација на галена и арсенопирит . Името потекнува од грчкиот збор мимети, што значи „имитатор“ и се однесува на сличноста на миметитот со минералот пироморфит. Оваа сличност не е случајна, бидејќи миметитот формира минерална серија со пироморфитот () и со ванадинитот (). Тој бил пронајден во Мапими, Дуранго, Мексико и Тсумеб, Намибија.

Својства лево|мини|183x183пкс|Миметит од Намибија Миметитот обично формира кратки хексагонални кристали кои се жолти до кафеави до портокалови по боја, многу кршливи, умерено тврди (Мосова тврдост 3,5–4) и густи (специфична тежина 7,24). Тој се одликува со недостаток на транспарентност, смолест до адамантински сјај и растворливост во азотна киселина.

Миметитот формира комплетна серија на цврсти раствори со пироморфит, при што фосфатот () го заменува арсенатот (). Двата минерали се речиси идентични по своите својства и може да биде тешко да се разликуваат освен со лабораториски тестови. Пироморфитот е почестиот минерал и застапен на повеќе локации.

Кампилит е име кое се применува на миметит или пироморфит кој кристализира како карактеристични кристали во облик на буре кои формираат закривени хемисферични агрегати. Белит е име кое порано се применувало за миметит кој содржи хром, или пак мешавина од крокоит, миметит и кварц, и кој формира привлечни портокалово-црвени кристали, но бил дискредитиран како посебен минерален вид.

Локалитети Миметит се наоѓа во комбинација со минерали од олово и арсен, вклучувајќи пироморфит, церусит, хемиморфит, смитсонит, ванадинит, англезит, пирит, мотрамит, вилемит и вулфенит.Sinkankas, John (1964). Добри примероци биле пријавени од округот Гила, Аризона, САД; Ојокалиенте, Сакатекас, Мексико; Камберленд, Англија; Јохангеоргенштат, Саксонија, Германија; Намибија; и Брокен Хил, Австралија.

Галерија на примероци од миметит

Наводи

Надворешни врски

Mineral Galleries

Категорија:Луминисцентни минерали Категорија:Шестаголни минерали Категорија:Халидни минерали Категорија:Минерали на оловото