Основно училиште „Свети Климент Охридски“ (службено: Подрачно основно општинско училиште „Св. Климент Охридски“ - Ложани; скратено: ПООУ „Св. Климент Охридски“) — подрачно основно училиште во струшкото село Ложани, во состав на истоименото училиште од селото Драслајца, Општина Струга.

Училиштето е именувано по словенскиот просветител и светец Свети Климент Охридски.

Местоположба

Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото.

Историја

Последен пат училиштето било реновирано во 2008 година.

Настава

Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик од прво до петто одделение во 3 паралелки, од кои две комбинирани.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Струга Ложани Категорија:Ложани