Основно училиште „Свети Климент Охридски“ (службено: Подрачно основно општинско училиште „Св. Климент Охридски“ - Мороишта; скратено: ПООУ „Св. Климент Охридски“) — подрачно основно училиште во струшкото село Мороишта, во состав на истоименото училиште од селото Драслајца, Општина Струга.
Училиштето е именувано по словенскиот просветител и светец Свети Климент Охридски.
Местоположба
Училиштето се наоѓа на крајот од селото.
Историја
Училиштето било изградено во 1997 година, а последен пат училиштето било реновирано во 2023 година.
Настава
Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик од прво до петто одделение во 5 паралелки.
Галерија
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Струга Мороишта Категорија:Мороишта