Петок тринаесетти () — американски слешер од 1980 г., во режија на Шон Канингам, а по сценарио на Виктор Милер.

Филмот се смета за едно од најзначајните остварувања во својот жанр. Со буџет од само 550 илјади долари, филмот во кината заработил 59,7 милиони долари и денес претставува класика во кинематографијата на ужасите. Главниот лик, Џејсон Ворхис, кој во овој прв дел сè уште не е убиецот, станал култна личност во поп-културата. Успехот на филмот довело до бројни продолженија, вкрстувања, преработка во 2009 г., како и до издавање книги, стрипови и видеоигри вдахнати од него. Филмот се нашол на 15-то место на списокот на 500 најдобри филмови на ужасите според корисниците на веб-страницата IMDb.

Содржина Камп „Кристално Езеро“, 13 јуни 1958 г. Двајца млади негуватели се повлекуваат на таванот од една од колибите за да бидат сами. Одеднаш, непознато лице влегува кај нив и сурово ги убива. Две децении подоцна, на 13 јуни 1979 г., новиот сопственик на кампот, Стив Кристи, одлучува да ги отфрли месните суеверија и предрасуди, па започнува со реновирање на местото за летната сезона. Девојката по име Ени патува кон кампот за да работи како готвачка. По патот до таму, таа среќава еден местен старец што сите го сметаат за луд, кој ја предупредува дека „Кристалното Езеро“ е проклето и дека сите што одат таму се осудени на пропаст. Ени е скептична, но возачот што ја превезува ѝ ја раскажува мрачната историја: во 1957 г., поради невнимание на негувателите, во езерото се удавило момче, по што следеле убиства, пожари и труење на водата, поради што кампот го добил прекарот „Крвавиот Камп“. Набрзо потоа, Ени станува првата жртва на таинствениот убиец што ѝ го пресекува грлото во шумата.

Во меѓувреме, во кампот пристигнуваат останатите негуватели: Џек, Марси, Нед, Елис, Бил и Бренда. Додека Стив Кристи заминува во градот по набавки, младите се забавуваат и се подготвуваат за доаѓањето на децата, несвесни дека убиецот веќе демне меѓу колибите. Нед е првиот што исчезнува откако ќе забележи некого во една од куќичките. Додека трае силно невреме, Џек и Марси се повлекуваат во својата соба, каде што убиецот најпрво го прободува Џек со стрела низ вратот, а потоа ја напаѓа и Марси со секира во бањата. Напнатоста расте кога убиецот ја намамува Бренда во ноќта подражавајќи детски крик, по што ја задавува со јаже. Стив Кристи, кој се враќа од градот, исто така паѓа како жртва на убиецот, добивајќи смртоносен убод со нож.

Елис и Бил, кои се последните преживеани во кампот, забележуваат дека нешто не е во ред кога ќе згасне светлото. Бил оди да го провери генераторот, но Елис подоцна го наоѓа неговото тело прободено со стрели на вратата од гаражата. Преплашена, таа се затвора во главната куќа каде што ја пречекува госпоѓа Ворхис, постара жена што се претставува како пријателка на семејството Кристи. Меѓутоа, набрзо се открива страшната вистина: госпоѓа Ворхис е мајката на удавеното момче Џејсон и таа е убиецот што сака да се одмазди за смртта на својот син, верувајќи дека кампот никогаш не смее повторно да се отвори. По жестока борба, Елис успева да ја совлада и да ѝ ја отсече главата со мачета. Филмот завршува со шокантна сцена на езерото — додека Елис се одмара во чамец чекајќи ја полицијата, телото на малиот Џејсон ненадејно изнурнува од водата и ја повлекува со себе. Елис се буди во болница, каде што дознава дека е единствената преживеана, но останува со морничавото чувство дека Џејсон сѐ уште е таму, во длабочините на езерото.

Улоги

| Бетси Палмер || госпоѓа Ворхис |- | Ејдријен Кинг || Алис |- | Хари Крозби || Бил |- | Лори Бартрам || Бренда |- | Џанин Тејлор || Марси Канингам |- | Кевин Бејкон || Џек Барел |- | Марк Нелсон || Нед Рубинстајн |- | Роби Морган || Ени |- | Питер Брувер || Стив Кристи |- | Рекс Еверхарт || камионџијата Инос |- | Рон Керол || наредник Тирни |- | Волт Горни || Лудиот Ралф |- | Вили Адамс || Бари |- | Дебра С. Хејз || Клодет |- | Сали Ен Голден || Сенди |- | Ари Леман || Џејсон Вoрхис

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Филмови од 1980 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски хорор-филмови Категорија:Филмови на Warner Bros. Категорија:Филмови на Paramount Pictures