Ирската републиканска армија (ИРА) ( на ирски: Óglaigh na hÉireann James Durney, The Volunteer: Uniforms, weapons and history of the Irish Republican Army 1913-1997, pg. 8.) била ирска републиканска револуционерна и воена организација. Настанала од организацијата Ирски доброволци, која била формирана на 25 ноември 1913 година и во април 1916 година го организирала Велигденското востание. Од страна на Ирското народно собрание (Dáil Éireann), Ирските доброволци биле признаени за легитимна војска на еднострано прогласената Република Ирска на Велигден во 1916 година.

Во текот на Ирската војна за незвисност, ИРА водела герилски поход против британските власти во Ирска.

ИРА се распаднала во 1922 година по потпишувањето на Англо-ирскиот договор. Членовите на ИРА кој го поддржувале примирјето ја создале војската на новосонованата ирска држава, која била зависна од Британската Империја. Меѓутоа, голем дел од борците на ИРА биле против договорот. Фракцијата која била против примирјето, се судрила со своите поранешни соборци и поддржувачи на договорот, со намера да создадат независна Ирска држава со Северна Ирска, како нејзин составен дел. Потекло Идејата за вооружената борба против англискиот освојувачи имала долга историја. Обединетите Ирци организирале буни во периодот помеѓу 1798 - 1803 година, Ирското братство во 1867 година исто така органзирало буна. Освен тоа, методите со кои се користела ИРА биле инспирирани од традицијата на милитантните селски друштва кој ја истакнувале идејата за слободна Ирска.

Кратенката ИРА првпат била користена од Братството Фенијан за време на Американската граѓанска војна, кога Ирската револуционерна армија се борела во Битката кај Риџвеј на 2 јуни 1866 година. Меѓутоа, терминот ИРА во модерна смисла првпат се користи во првата половина на 20 век за востаничките сили на Ирските доброволци и Војската на ирските граѓани за време на Велигденското востание.

Заднина мини|лево|150п|Џејмс Конолидесно|мини|200п|Членска карта на Ирските доброволци Политичкото насилство кое избувнувало во Ирска помеѓу 1916 и 1923 година, има свој корени во барањата на ирските националсити за поголема автономија и сопствена влада. Кога Британците започнале со воведување на влада во Ирска, се појавиле унионистичките и националистичките паравоени формации, Волонтерските сили на Алстер и Ирските доброволци.

Британскиот парламент префрлил дел од своите овластувања на Ирската влада, со цел добивање на поголема автономија внатре во обединетото кралство Велика Британија и Ирска. Меѓутоа дошло до превирања и вооружени судири помеѓу Волонтерските сили на Алстер и Ирските доброволци, поради различните погледи околу Ирската автономија. Таквата состојба довела до граѓанска војна.

Ирските националисти незадоволни од положбата на Ирска размислувале за кревање на вооружено востание. Меѓутоа востанието било одложено поради започнувањето на Првата светска војна кога Ирските доброволци се отцепиле. Националните доброволци со по повеќе од 100 илјади членови, предводени од ирската парламентарна група, биле подготвени да ги прифатат британските ведтувња за решавање на ирското прашање по завршувањето на војната, а 20 000 Ирци се вклучиле во британската армија. Меѓутоа, околу 12 000 ирски доброволци предводени од Ејон Макнеилон, кој биле под влијание на Ирското републиканско братство, одбиле да се вклучат во британската армија и го задржале старото име Ирски доброволци. Макнеилон сакал да употреби сила за да ја спречи мобилизацијат на Ирците во британската арамија, а Ирското републиканско братство имало за цел кревање на востание. Помалата организација, Војска на ирските граѓани, во почетокот синдикат на чело со Џејмс Коноли исто така размислувале за востание. Набргу дошло до соработка помеѓу Ирското републиканско братство и Војската на ирските граѓани, а Коноли влегол во советот на братството во 1915 година.

Велигденско востание мини|десно|350п|Раѓањето на Ирската Република, слика од Валтер Пагетмини|лево|200п|Патрик Пирс Заговорниците започнале контакти со претставниците со Германското Царство, со цел набавка на оружје и други воени материјали. Германците се надевале дека востанието во Ирска, ќе го одвлече вниманието на британските власти од војната. Бил организиран транспорт на околу 20 000 пушки од германската држава, но акцијата била откриена, брогдот кој го пренесувал бил потопен, а оружјето се нашло во рацете на британските власти.

Востанието започнало на 24 април 1916 година. Меѓутоа Макнеил, водачот на Доброволците, ја открил намерата и во последен момент издал спротивна наредба. Поради тоа, наместо 12 000, востанале само 2 000 борци. Планот на ИРБ се состоел од заземање на Даблин и започнување на востание ширум Ирска. Востаниците го зазеле главниот пошенски уред во Даблин и го закачиле зеленото знаме на јарбол, прогласувајќи независна Ирска.

По еднонеделни улични борби, востаниците се предале. Британската војска броела повеќе од 16 000 војници, а користела артилерија и поморска флота со која го задушила востанието. Околу 500 цивили биле убиени за време на борбите. За време на востанието Доброволците почнале да се нарекуваат Ирска републиканска армија. мини|лево|200п|Велигденската прокламација По востанието состојбата продолжила да се заострува. Британските власти издале наредба за погубување на 16 истаканти водачи, а меѓу нив бил и Џејмс Коноли кој бил во тешка состоја и за време на погубувањето не можел да стои на нозе. Таквите постапки на власта придонеле ирското население сè повеќе ја прифаќало идејата за револуционерна борба. Незадоволството уште повеќе се зголемило со засилената мобилизација на Ирците во британската армија. кон крајот на 1917 година.

Превирањата продолжиле, преживеаните водачи на Велигденското востание, како Еамон де Валера, успеале да ја преземат националистичката партија Шин Фејн во 1917 година, а како крајна цел на својата активност ја поставиле идејата за создавање на Ирска република.

Во периодот помеѓу 1916 - 1918 година, доминантните ирски националистички струи Шин Фејн и Ирската парламентарна група се бореле за префласт, меѓутоа сè до почетокот на воената мобилизација, силите биле изедначени. Двете струи се разликувале во методите за постигнување на независна Ирска. Шин Фејн се залагала за вооружена борба додека пак Ирската парламентарна група за политичка активност и соработка со британските власти. Меѓутоа воената мобилизација придонела да се зголеми популарноста на Шин Фејн.

Таа била против мобилизирањето на Ирците во британската армија и нивно испраќање на воените фронтови. Во 1918 година на генералните избори, Шин Фејн победила. Членовите на Шин Фејн се повлекле од Британскиот парламент и ја прогласиле Ирската република, а тие себеси се сметале за легитимна влада. Создавале во сопствен парламентарен дом кој го нарекувале Даил (Dáil Éireann). Во оваа општа состојба, Ирските доброволци, според некои извори тогаш броеле околу 100 илијади членови, се реорганизирале во војска на Ирската република и почнале да се именуваат како Ирска републиканска армија An tÓglach, August 1918, quoted in Coogan, The IRA, (1970), pages 41, 42.

Создавање Конвенција на ИРА мини|лево|150п|Мајкл Колинс Првите чекори за реорганизирање на Ирските доброоволци започнале на 27 октомври 1917 година на конвенцијата во Даблин, поздоцна позната како Конвенција на ИРА. Околу 250 души заминале на конвенцијата, меѓутоа многу од ирските дејци биле затворени од британските власти и не можеле да учествуваат.

Со конвенцијата заседавал де Валера, кој еден претходно бил избран за претседател на Шин Фејн. Освен него, присуствувале голем број на дејци кои биле заслужни за реорганизацијата Доброволците, а многу од нив биле поранешни политички затвореници.

Де Валера бил прогласен за претседател, а било избрано и извршно тело кое се состоело од претставници од внатрешноста. Покрај де Валера, Шон Мекгери бил избран за секретеар, Катхал Бурха бил избран за заседавач на извршното тело, a биле избрани и раководители за различните ограноци на ИРА:

Мајкл Колинс (раководител за оргнизирање) Диармуид Линч (раководител за комуникации) Мајкл Стаинес (раководител за набака) Рори O'Конор (раководител на техничкиот огранок)

Другите избрани членови биле: М. В. О'Рајли (Даблин); Остин Стак (Кери); Шон Колинс (Лимерик); Шен Макенте (Белфаст); Џо O'Доерти (Данегал); Пол Галиган (КАван); Еион O'Дафи (Манагхан); Шејмас Дојл (Вексфорд); Педер Бракен (Офали); Лари Ларднер (Голвеј); Дик Волш (Мајо) и уште еден член од Конакхт. Биле избрани и заменици на раководителите: Ејмон Дуган; Џералд О'Саливен; Финтан Марфи; Диармуид O'Хегарти; Дик Мекки и Педи Рајан.

Преговори мини|лево|150п|Еамон де Валера Народните претставници на Шин Фејн кои биле избрани во 1918 година, го одржале ветувањето дека ќе го напуштата британскиот парламент и формирале независно Ирско собраниие. На 21 јануари 1919 година оваа собрание започнало со својата работа во Даблин. За премиер бил избран Катхал Бурга. Во теорија, ИРА била одговорна за безбедноста на собранието и била војска на Ирската држава. Меѓутоа, собранието имало проблеми со контролата над Доброволците.

Новите раководители се плашеле дека ИРА нема да го прифати нивниот авторитет. Состојбата се влошила кога отцепена фракција на ИРА со подметната експлозија ги убила Џејмс Макдонел и Патрик O'Конел, членови на кралската ирска полиција. Според правилниците, лицата кои го извршиле атенататот требало да бидат изведени пред воен суд бидејќи ги прекршиле правилата на ИРА, меѓутоа до тоа недошло. Судирите помеѓу ИРА и ираската каралска полиција продолжиле во внатрешност акаде што имало летечки одреди на ИРА.

Преговорите за спогодба помеѓу ИРА и Ираското собрание започнале уште пред јануарскиот атентат. Огранокот на ИРА, An tÓglách (Волонтер) издал нацрт договор за преговои помеѓу ИРА и Ирската влада, во кој јасно биле истакнати принципите дека сите владини безбедносни сили ќе бдат третирани како окупирачка војска. Односите помеѓу владата и ИРА биле јано дефинирани:

1) Владата има еднаква власт и авторитет како и секоја нормална влада 2) Владата има право, а не ИРА, над нејзиното делување 3) Сосема јасно било дефинирано што претставува воената состојба

Како дел од стратегијата за преземање на ИРА, Бругха му предложил на собранието, сите борци да дадат заклетва пред самото собрание. Исто така тој побарала и народните претставници да ја положат истата заклетва. На 25 август, Аугуст Колинс испратил писмо до де Валери во кое истакнал дека проблемите со Доброволците биле решени. Меѓутоа поминала цела една година додека Доброволците дале заклетва во август 1920 година.

Војна за независност Фази мини|лево|200п|Воено знаме на ИРА мини|десно|350п|Чета на ИРА за време на војната за независност. Ирската републиканска армија водела герилска војна против британските сили за безбедност од 1919 до 1921 година. Најинтезвниот период на судирот бил помеѓу ноември 1920 до јули 1921 година. Кампањата на ИРА може да се подели на три фази.

Првата во 1919 година се состоела од реорганизација на Ирските доброволци и нивна обука за водење на герлиска борба. Раководителите, како Ерни O'Малеј, биле испратени во внатрешноста на Ирска за да формираат герилски одреди. Иако доброволците броеле околу 100 илијади души, само 15 000 герилци биле активни во текот на војната. Во 1919 година, Мајкл Колинс, раководител на разузунувачката служба на ИРА, организирал Одред кој имал задача да организира и извршува атентати врз истакнати членови на иракста кралска полиција. Овој одред бил познат како Дванаесет апостоли. До крајот на 1919 година, Дванаесете апостоли извршиле атентати врз четири членови на Даблинската метрополска полиција, а биле ликвидирани и 11 припадници на ирската кралска полиција. Британските сили за безбедност биле принудени да ги напуштата помалите селски станици, а околу 400 од нив биле запалени од ИРА во кординирана акција во 1920 година.