мини|Таканаши во 2017 година
Сара Таканаши (高梨 沙羅, Таканаши Сара) (родена на 8 октомври 1996 година) — јапонска натпреварувачка во скијачки скокови. Таа е една од најуспешните женски ски-скокачки досега, и меѓу најдобрите спортистки во овој спорт, освојувајќи четири титули на Светскиот Куп (женски рекорд на сите времиња), седум медали на Светското Првенство и два бронзени медали на Зимските Олимписки Игри. Заклучно со февруари 2026 година, Таканаши го држи рекордот за најмногу индивидуални победи на Светскиот Куп, машки или женски, со вкупно 63 победи. Таа, исто така, има три сертификати за Гинисов светски рекорд за најмногу места на подиум на Светскиот Куп во скијачки скокови, најмногу индивидуални победи од жена во Светскиот куп во скијачки скокови и најмногу индивидуални победи на Светскиот Куп во скијачки скокови во кариерата (вкупно).
Кариера Таканаши се пласира на шестото место на Светското првенство во 2011 година во Осло. На Светското првенство ,таа дебитирала на 3 декември 2011 година во Лилехамер ,каде што заврши на петтото место.
Во текот на 2013–2014 сезоната, Таканаши победила на 15 од 18 индивидуални дисциплини во скијачки скокови од Светскиот Куп. На Зимските Олимписки Игри 2014 година, таа била ранкирана на третото место по првиот скок во рундата за медали, но паднала на четвртото место во финалната рунда и го пропуштила подиумот. Во 2015–2016 сезоната, таа ја освоила својата трета титула во Светскиот Куп.
Со јапонската репрезентација, Таканаши го освоила првото екипно натпреварување на Светското Првенство за жени во Хинтерцартен на 16 декември 2017 година. Нејзини соиграчки беа Јуки Ито, Каори Ивабучи и Јука Сето.
Таа освоила бронзен медал во дисциплината поединечно трчање на рид на Зимските Олимписки Игри 2018 година во Пјонгчанг.
Наводи
Категорија:Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2018 Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1996 година Категорија:Јапонски спортисти