Кадмова незаборавка () — вид растение од родот незаборавка на семејството на лисичинките (Boraginaceae). Не се наведени подвидови.
Опис Ова е едногодишно растение, високо од 5 до 15 см. Стебленцето е вертикално или подигнато, обично од основата разгрането, со стрчести до прилегнати влакна. Базалните листови му се собрани во розета, а за време на цветањето речиси исушени, елиптични, јајцевидно-лопатовидни, копјести со долга дршка, долги 10 до 20 мм, широки 3 до 10 мм, со стрчести влакна. Стеблените листови се елиптично-копјести, долги 7 до 15 мм, широки 2 до 4 мм, во основата стеснети, приседнати, со слична влакнавост како и базалните листови. Цветовите во поголем број, собрани во растресити срповидни соцветија, кои при образувањето на плодот се издолжуваат, без прицветни листови. Цветните дршки се тенки, само во врвниот дел конусовидно задебелени, косо поставени или стрчести во однос на оската на соцветието. Чашката е долга 1,5 до 2 мм, при образување на плодот се издолжува до 3 мм, речиси до 2/3 е всечена на 5 издолжено-копјести или триаголни запци, препокриена со еднакви, прави и прилегнати четинести влакна. Венчето е сино, со пречник од 5 до 6 мм, рамно. Оревчињата се тесно јајцевидни, долги 1 до 1,2 мм, кафеави, без јасно развиен раб.
Живеалиште Живеалишта на Кадмовата незаборавка се брдските пасишта, по рабовите на шумите, покрај патишта, ниви и каменливи места. Се наоѓа на надморски височини од 180 до 1200 метра.
Распространетост Распространето е во Југоисточна Европа, во Македонија, Грција, Бугарија и европскиот дел на Турција. 2001. TDWG – World Geographical Scheme for Recording Plant Distributions, 2nd Edition
Во Македонија Прилепско – Плетвар; Мариово: Селечка Планина – с. Бонче, с. Кален; Азот – с. Мартолци; Овче Поле – Богословец, с. Делисинци; Кавадарци – с. Ресава; Демир Капија – с. Клисура, Дошница, Удово; Валандово – манастир „Св. Ѓорѓија“; Гевгелија – Кованец; Богданци – с. Ѓавато, Паљурци; Плачковица; Огражден – с. Хамзали.
Наводи
Категорија:Незаборавка Категорија:Флора на Македонија