мини|Островот Порер со светилникот Порер е ненаселен остров со светилник во хрватскиот дел на Јадранското Море во водите на општина Медулин.

Географија Порер зазема истакната позиција на отворено море, југозападно од ’ртот Камењак. Островот, со дијаметар од 80 метри е карпест гребен што се издига над нивото на морето. Во 1846 година, на него бил изграден светилник висок 35 метри.

Светилникот е камен столб висок 31 метар поставен на врвот на станбена зграда. Навигациската карта покажува дека светилникот емитува светлосен сигнал B Bl(3) 15 s. Дометот на главното светло е 40 километри.Svjetionik Hrid Porer , Приступљено 23. 4. 2013. Покрај светлата, светилникот емитува и звучен сигнал - сирена се огласува на секои 42 секунди. Опсегот на звучниот сигнал е 3.2 километри.

Светилникот на Порер има уште една дополнителна функција. Во случај светилникот на плитките води на Албанеж, кој се наоѓа околу 2 км југозападно од Порер, да не работи, на светилникот во Порер се пали друго помошно светло, кое испраќа светлосен сигнал со опсег од 18 километри.

Морето околу островот е богато со риба, далеку од цивилизацијата. На каменото приземје од зградата, кое може да се изнајми за одмор, има бетонски двор. Поради силните морски струи, кои при силни ветрови достигнуваат брзина до три јазли, пливањето не се препорачува.

Поврзано

Список на острови во Хрватска

Наводи

Надворешни врски

Преглед, положба и распоред на мали, повремено населени и ненаселени острови и островчиња страница 4. Категорија:Истарски острови Категорија:Острови во Хрватска