Карниски Алпи (; ; ; ) — масив на Јужните Варовнички Алпи во Австрија и Североисточна Италија. Тие се наоѓаат во рамките на австрискиот Источен Тирол и Корушка, и италијанскиот Фурланија (покраина Удине) и маргинално во Венето.

Потекло на името Карниските Алпи го добиле името по римската провинција Карнија, која веројатно има келтско потекло.

Географија Карниските Алпи се протегаат од исток кон запад околу 100 километри помеѓу реката Гајл, притока на Драва и Таљаменто, која ја образува границата помеѓу Австрија и Италија.

Поделба Карниските Алпи се поделени на две различни области:

Карниски главен гребен () ( АВЕ 57а) Карниски Преалпи (), односно Фурлански Доломити и нивните подножја, првите, од превојот Маурија кон југ, се сметаат за дел од групата позната како Јужни Карнички Алпи () (АВЕ 57б), кој исто така ги вклучува и Белунските Преалпи (Венецијански Преалпи). Во Карниските Алпи се наоѓа најјужниот ледник во Австрија, Ајскар, кој се наоѓа во масивот Келерванд.

Значајни врвови мини|Хохе Варте и Келерспицен, поглед од југ (Монте Арвенис) Меѓу најважните планини на масивот се:

Кољанс (2.782 м) Келершпицен (2.774 м) Монте Пералба / Хохвајсштајн (2.694 м.) Монте Кавалино / Гросе Кинигат (2.689 м) Роскопф (2.603 м) Монте Терца Гранде (2.586 м) Монте Бивера (2.474 м) Крета Фората (2.462 м) Хелм (2.434 м) Креста ди Енге (2.414 м) Монте Феро (2.348 м) Гајлталер Полиник (2.332 м) Трогкофел (2.280 м) Монте Сернио (2.187 м)

Планински превои мини|Ветерна турбина на австриската страна од превојот Плекен Главните превои на Карниските Алпи се:

Превој Плекен (Толмецо до Кетшах-Маутен), пат (1.360 м) Превој Насфелд (од Понтеба до Хермагор-Пресегер Езеро), пат (1.552 м) Офнерјох (од Форни Аволтри до Санкт Лоренцен во Лесахтал), пешачка патека (2.301 м) Превој Волајер (исто како Кетшах-Маутен), пешачка патека (1.922 м)

Поврзано Јужни Карниски Алпи Варовнички Алпи

Наводи

Надворешни врски Carnic Alps on SummitPost Carnic Alps on Hike.uno Portal and interactive key to the flora of the S Carnic Alps

Категорија:Удине (покраина) Категорија:Планински венци во Италија Категорија:Јужни Варовнички Алпи Категорија:Планински венци на Алпите Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Статии со текст на словенечки Категорија:Статии со текст на италијански Категорија:Статии со текст на германски Категорија:Статии со текст на фурлански