Хецета Хед — светилник на брегот на Орегон, 21 километар северно од Флоренс, и 21 километар јужно од Јачатс во Соединетите Американски Држави. Светилникот се наоѓа во средината на државниот парк Хецета Хед, а поставен е на р'т на висина од 62 метри. Изграден бил во 1894 година, а неговата височина изнесува 17 метри. Претставува исклучително висок светилник кој сјае со зрак видлив до 39 километри што го прави најсилен светилник на брегот на Орегон.

Светилникот е одржуван од Орегоновиот оддел за паркови и реакреација, додека куќата на помошниците чувари на светилникот, која работи и како мотел со појадок, е одржувана од страна на Шумската служба на САД. Светилникот е е оддалечен 3 километри од пештерскиот систем Си Лајон.

Историја и градба лево|мини|Поглед на светилникот Хецета Хед Светилникот Хецета Хед бил именуван по шпанскиот истражувач Бруно де Хецета, кој го истражувал северозападниот дел на Тихиот Океан, кон крајот на 18 век. Пред него, Хецета Хед билo место на чест риболов и лов од страна на американските индијански племиња кои ја населувале таа област. Хецета Хед е дел од традиционалните земјишта Сиуслав. Тие ловеле морски лавови во областа и собирале јајца од морски птици од крајбрежните карпи. Во 1888 година, белите доселеници се преселиле во областа и зазеле 66 хектари од околното земјиште. Истата година, Службата за светилници на Соединетите Американски Држави ја одобриле изградбата на светилникот, а владата откупила 7.7 хектари за светилничките конструкции.

Во 1892 година, екипа од 56 луѓе започнала со изградба на светилникот и околните објекти. Поради изолираноста и тешката пристапност на локацијата, градежните материјали биле доставувани на два начина: биле испраќани, доколку времето и плимата дозволувала; или биле носени од Флоренс со запрежни коли, при што за вториот начин обично биле потребни четири до пет часа. Камењата ги носеле од реката Клакамас, а тулите од Сан Франциско. Системот на леќи бил направен од Chance Brothers и се користела франеловата леќа која продолжила да работи и во 21 век.

Светилникот бил комплетно завшрен во август 1893 година, а целиот проект чинел 80.000 долари кој се состоел од:

Светилникот; Куќи за главниот светилничар, двајцата помошници светилничари и нивните семејства; Амбар; Две згради за складирање на керозин - ако едната се запалела, постоел секундарен извор.

Светилникот Хецета и просториите за светилничарите се дел од евиденцијата на Националниот регистар на историски места од 1978 година, поради нивното архитектонско и инженерско значење. Местото првично вклучувало неколку други згради - фарми и семејната куќа на главниот чувар на светилникот, која била срушена во 1940 година, а била многу слична по големина и дизајн со преостанатата куќа. Откако била спроведена електрична енергија во зградите на светилниците, работната позиција главен чувар на светилникот повеќе не била потребна. Куќата на чуварот на светилникот била продадена за 10 долари и уништена поради дрвената граѓа, која потоа била искористена за изградба на кафе-книжарницата Алфа Бит во Мејплтаун, која сè уште е таму. Преостанатата куќа на чуварите била дуплекс во кој била сместени првиот и вториот помошник и нивните семејства. Откако светлото било автоматизирано во 1963 година, последните чувари се преселиле, а преостанатата куќа била изнајмена на колеџот „Лејн“ во 1970 година од страна на Шумската служба на САД, која го превзела управувањето на зградата. Тремот на куќата кој бил во стилот на кралицата Ана бил реставриран во 1981 година. десно|мини|Реставрација на светилникот, февруари 2012 година Светилникот Хецета Хед бил затворен за јавноста во август 2011 година поради реставрација и поправки. Под надзор на архитектката Сју Лихт, со тим од повеќе од 100 подизведувачи и мајстори, од кои повеќето биле од Орегон, го отстраниле цементниот малтер, така што светилникот можел да се поефикасно да се вентилира во влажната крајбрежна средина. Тие, исто така, ги замениле и реставрирале историските метални конструкции и ѕидаријата на кулата, поставиле и нови прозорци и го поправиле ротирачкиот механизам на леќата. Внатрешноста и надворешноста на светилникот биле префарбани, а оригиналниот дрвен под од работната соба бил откриен и реставриран. Светилникот е сочуван во својата автентичност, колку што е можно повеќе, и наликува на она што бил во 1894 година. Кога завршиле реставраторските работи, тој бил повторно отворен за јавноста, по комплетната непристапност од две години. Повторното отварање било на 8 јуни 2013 година.

Наводи

Надворешни врски

Куќата на чуварот на светилникот на главата Хецета (официјална веб-страница) Предно светло Heceta Archived запис во инвентарот на историски светилници на Националната служба за паркови Откријте ги светилниците во Орегон: Хецета Archived „Духовна приказна привлекува двојка кон главата на Хецета“, мај Статија од 16, 2002 година од The Register-Guard Куќата Хецета: Историски и архитектонски преглед Archived од Шумската служба на САД

Категорија:Светилници во САД