Тоде Хаџи Тефов, роден Тодор Панов Хаџи Тефов, познат по псевдонимот Шустри (Кавадарци, 14 февруари 1920 — Калница, 13 август 1943) — македонски партизан и учител, деец на Комунистичката партија на Југославија. Учесник во народноослободителното движење. Борец од НОПО „Добри Даскалов“. Во негова чест, училиштето ОУ „Тоде Хаџи Тефов“ во Кавадарци го носи неговото име.

Животопис Тоде Хаџи Тефов е роден на 14 февруари 1920 година во Кавадарци, тогаш дел од Кралството СХС. Неговиот татко Пано Хаџи Тефов (1886 — 1972) бил политичар и градски службеник. Тоде го стекнал неговото основно училишно образование во родниот град. Потоа продолжил во Горен Милановац. Во 1935 година се запишал во учителско училиште во Јагодина. Таму се запознал со приврзаници на Комунистичката партија на Југославија. Кога завршил, во 1940 година учителствувал во село Спонце, Јабланички Округ. За време на Априлската војна, Тоде бил во неговиот мајчин град.

Во пролетта 1941 година се приклучил во народноослободителното движење заедно со неговиот помлад брат Стефан Хаџи Тефов-Феткин (1923 — 1944). Истата година отидол во Софија за двомесечен педагошки курс. Учителствувал во Горно Д'бник, Плевенско. Во 1942 година поднесол отставка и се врати во Вардарска Македонија каде преминал во нелегалство. Станал член на КПЈ и се приклучи во НОПО „Добри Даскалов“ во 1943 година. Неговиот брат станал главен раководен член на НОД во Тиквешијата.

На 13 август 1943 година, заедно со Петре Туриманџовски, се сместил кај старите тиквешки гробишта (денес Калница). Бугарските војници Божин Ризов, Трифун Јовановски и Ристо Панаров ги нападнале. Туриманџовски успеал да избегне но Трифун го пукнал Тефов на ногата. Ристо Панаров му се доближи и со чифтето го пукнал неговото лице. Откако загинал, Божин повторно го пукнал и му рекол „Ти ли ќе ја ослободиш земјава? Да ти ја ебам мајката!“. После Втората светска војна, штипскиот суд ги осуди Ризов, Јовановски и Панаров на смрт со бесење. Во негова чест, училиштето ОУ „Тоде Хаџи Тефов“ во Кавадарци го носи неговото име.

Наводи

Категорија:Тоде Хаџи Тефов