Ераки или Гераки (, книжевно: Γεράκιον, Геракион) — поранешно село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.
Селото постоело до почетокот на Втората светска војна, а денес претставува составен дел од Мелик.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на единаесет километри источно од градот Бер и четири километри северозападно од Мелик, на надморска височина од 40 метри.
Сместено е во областа Урумлак, на десниот ракав на реката Бистрица.
Историја
Селото најверојатно претставувало мала чифлигарска населба.
Во 1918 година, селото станува дел од општината Мелик. Во 1922 година, во селото биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, Ераки претставувало чисто бегалско село со 19 бегалски семејства и 63 жители. Подоцна, поради мелиоративните зафати, селото се распаднало, а неговите жители го напуштиле и се населиле во селото Мелик, каде што изградиле посебно маало, познати и денес како Ново Ераки (Неон Геракион).
Во 1940 година, селото се распаднало, а неговиот атар влегол во рамките на селото Мелик.
Население
Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Ераки живееле 35 Грци христијани.К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 144. По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ераки (Eraki) живееле 180 Грци.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 222-223.
Во 1913 година било забележано со 56, а во 1920 година со 23 жители, кои малку подоцна го напуштиле селото и во него биле сместени 19 бегалски семејства со вкупно 76 жители, колку што биле забележани во 1928 година.
Самоуправа и политика
Денес, селото претставува дел од селото Мелик.
Наводи
Категорија:Историски села во Гида