Карачали или Кара Чали (, Мавродендри; книжевно: Μαυροδένδριον, Мавродендрион, до 1926 година: Καρά Τσαλή, КарачалиΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καρά Τσαλή -- Μαυροδένδρι) — поранешно село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.
Денес, ова поранешнот село претставува дел од градот Бер.
Географија и местоположба
Селото е оддалечено околу 4 километри североисточно од градот Бер, во самото Берско Поле, на надморска височина од 55 метри.
Селото е сместено во областа Урумлак.
Историја
Селото било преименувано во текот на 1926 година кога му било доделено името Мавродендри (Μαυροδένδρι).
Население
Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Карачали живееле 30 Грци христијани.К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 144. По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Карачали (Kara Tchali) имало 25 Грци.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 222-223.
Во 1910 година во Карачали (Καρά Τσαλί) имало 28 жители.Αθανάσιος Χαλκιόπουλος, Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
Во пописот од 1913 година селото не било воопшто спомнато, најверојатно бидејќи малата чифлигарска населба била целосно уништена во Балканските војни, додека во пописот од 1920 година била спомената со 67, во 1928 година со 34 (од нив 13 бегалци), во 1940 година со 30, а во 1951 година само со 17 жители. Во подоцнежните пописи, селото повеќе не се споменува како посебна населба поради малобројноста на неговото население, а бројот на жителите е пресметан во составот на жителите на градот Бер.
Самоуправа и политика
Селото претставува дел од градот Бер и се смета како негова четврт.
Наводи
Категорија:Историски села во Бер