Кастања (, Кастанија; книжевно: Καστανέα, Кастанеја) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото е оддалечено 18 километри јужно од градот Бер, крај самиот пат што води кон Кожани, на надморска височина од 1.080 метри. Вкупната површина на селскиот атар изнесува 53 квадратни километри.

Сместено е на јужните падини на планината Каракамен. На 2 километри од селото се наоѓа манастирот „Св. Богородица Сумела“.

Историја

Селото во минатото претставувало влашка населба. Селото по 1913 година целосно пропаднало, поради што во пописот спроведен во 1920 година, воопшто не било забележано како населба.

Во периодот по 1923 година, грчките власти населиле најпрвин 39 бегалски семејства, а подоцна и повеќе други, со вкупно 163 жители.

Стопанство

Жители на селото се занимаваат со земјоделство и сточарство.

Население

Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во селото живеат 400 Власи христијани.К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 145. Според секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кестанија (Kestania) имало 90 Власи.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 224-225.

Во 1910 година во селото живееле 80 жители.Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος. Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927 На пописот во 1912 година, селото е забележано како влашко и христијанско.

Во пописот од 1913 година е забележано само со 110 жители. Малку подоцна, сосема се распаднало, поради што и во пописот од 1920 година воопшто не е запишано како населба. Селото било обновено по 1923 година, кога тука биле населени 39 бегалски семејства со вкупно 163 жители, колку што броело во 1928 година. Малку подоцна, тука биле сместени и други семејства, поради што бројот на жителите во 1940 година пораснал на 402. Во 1951 година, Кастања имала 355, во 1961 година 204 жители. Во 1971 година, поради помасовното иселување во поголемите градови, бројот на жители опаднал на 147, во 1981 година на 92, а во 1991 година повторно пораснал на 237 жители.

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 136 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 84 жители.

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Кастања, во кој покрај селото Кастања се наоѓа и селото Црковјани.

Наводи

Категорија:Бер (општина)