Виксит — природен минерал од ураниум силикат со хемиска формула: K2(UO2)2Si6O15•4(H2O). Тој е калиум уранил силикат и има Мосова тврдост од 1–2. Бил именуван по минералогот на USGS, Алис Мери Даус Викс (1909–1988).
Изглед Викситот е визуелно сличен на други ураниумски минерали како што се карнотитот и ципеитот, и двата се инкрустации што се формираат на други карпи (обично песочници или варовници).
Појава Викситот за прв пат бил опишан во 1960 година кога бил пронајден на планината Топаз, Томас Рејнџ, округ Џуаб, Јута.
Викит се јавува во мали „опални“ вени во риолит и агломерати, и како инкрустации во песочници и варовници. Се јавува поврзан со опал, халцедон, калцит, гипс, флуорит, уранинит, торогумит, уранофан, болтвудит, карнотит и маргаритазит.
Наводи
Категорија:Орторомпски минерали Категорија:Незосиликати Категорија:Минерали на калиумот