Papaver dubium — вид на афион познат под вообичаените имиња долгоглав афион и слепоок. Тоа е едногодишен вид кој претпочита песокливи почви без вар. Потекнува од Европа, Северна Африка и Југозападна Азија и е широко распространет во Америка и на други места. Papaver dubium е доста распространето и во Македонија.
Опис Papaver dubium е променливо едногодишно растение, кое расте до околу 60 см во висина. Генерално цвета кон крајот на пролетта до средината на летото. Цветот е голем (30–70 мм) и впечатливо, со четири ливчиња кои се посветло црвени отколку кај сличните Papaver rhoeas, и најчесто без црна точка во основата.
Стеблото е кружлесто, неразгрането или од основата разгрането, во долните делови со расеани влакна, а во горниот дел цветните, односно носните дршки со прилегнати влакна. Листовите се извозелени; приносновите листови со подолги дршки, полилито или полабо пересто насечени, деловите на насечените листови јајцевидни, елиптични или ланцетовидни, некои крајни или на врвот тријделни, заштитени на врвот тапи и завршуваат со долго острие. Стеблените листови се приседнати, два пати пересто насечени на тенки линијарно копјести делови, на врвот заострени и со долго острие.
Цветните пупки се долги и со прилегнати влакна. Цветовите поединечни; чашкините ливчиња 2, со ретки расеани влакна, брзо отпадливи; венечните ливчиња се четири на број и се долги 15–30 mm, скоро се круглести или обратно јајцевидни, црвени, бели, поретко розови, понекогаш со црна дамка во основата и брзо отпадат; прашниците во голем број, кончести, темновиолетови, со виолетова антери и обилно се лачат на жолтеникави. Плодникот е гол како и кутијката, која е долга 15–20 mm и 2–4 пати подолга отколку широка, во горниот дел поширока, со 6–9 кружлести отвори. Дискот е со 6–9 радијални жиги кои продолжуваат со 0,5, односно до 0,3 mm во рабовите на дискот.
Хибрид со речиси црни цветови, познат како Евелина, бил одгледан во Италија кон крајот на 1990-тите, со Papaver rhoeas, но се чини дека не е комерцијално достапен.
Распространетост во Македонија
Во Македонија Papaver dubium е доста често растение. Распространето по суви тревести места и по поречни долини во сите делови на земјата. Познато за околината на Скопје, Куманово, Кочани, Валандово, Гевгелија, Струга, Маврово, Галичица; Жеденска Клисура; Таорска Клисура и клисурата на р. Пчиња.
Било посочено и дека се наоѓа во околината на Струмица, Битола, Демир Капија, Нов Доран и Охрид — с. Велестово.
Галерија
Наводи
Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Афион (род) Категорија:Флора на Македонија