Roemeria hybrida — широко распространет вид цветно растение од семејството афиони. Автохтониот ареал на овој вид се Канарските Острови (Фуертевентура), од Средоземна до Средна Азија и Пакистан. Тоа е едногодишно растение и расте првенствено на умерена клима.
Опис
Едногодишно растение, високо 25-40 см, со жолт млечен сок. Стеблото е круглесто, набраздено, со меки гргурави влакна разгранети од основата, поретко неразгранети. Базалните листови се влакнести, со долги дршки, два до три пати пересто насечени, со тенки линејни сегменти, на врвот тапи и со не многу долго осилче, по работ слабо свиткани надолу. Стеблените листови се приседнати и еднакви со базалните листови.
Цветовите се поединечни по врвовите на гранчињата, со дршки кои се долги еден до 5 сантиметри. Пупките се елиптично копјести, во горниот дел проширени, и се долги десет до дванаесет милиметри и 3 милиметри широки. Чашкините ливчиња се две на број со зелена боја, со меки гргурави влакна и бргу отпаѓаат. Венечните ливчиња се четири на број, виолетови по боја и имаат обратно јајцевидни форми со должина од 20–25 mm. Тие имаат темна дамка во основата и по прецветувањето бргу отпаѓаат.
Прашниците во голем број се филаментите виолетови и кончести, антерите виолетови или жолтеникави. Плодникот линејна кутијка, е долг 7–10 cm и 1,5–2 mm широк, со расперени ретки четинки во горната половина, додека долната половина е гола. Дршката на плодникот е дебела колку плодот и може да достигне должина од 1-6 сантиметри.
Распространетост Roemeria hybrida е распространето во: Албанија, Алжир, Балеарските Острови, Бугарија, Канарските Острови, Корзика, Кипар, Источноегејските Острови, Египет, Франција, Грција, Земјите од Персискиот Залив, Иран, Ирак, Италија, Казахстан, Киргистан, Крит, Кувајт, Либан-Сирија, Либија, Мароко, Пакистан, Палестина, Саудиска Арабија, Синај, Шпанија, Таџикистан, Закавказ, Тунис, Туркменистан, Турција, Турција во Европа, Узбекистан, Синџијанг.Roemeria hybrida (L.) DC.
Во Македонија Доста широко распространето растение во централните делови на Македонија. Се развива по тревести места, ниви, меѓи, помеѓу и покрај грмушки во потоплите делови.
Познато за околината на Скопје и Скопска Црна Гора, Орашец, Бедиње, Ќоселари, Градско, на планината Плачковица, Жеденската Клисура и клисурите на реките Пчиња и Тополка. Се посочува за планината Серта и Неготино, Охрид, Удово, Гевгелија, Николиќ, Прилеп, околината на Струмица, Велес, Дреново, Кочани.
Наводи
Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа