Hypecoum imberbe — вид на годишна билка од семејството Афиони. Цветовите ги посетува пепрутката Lycaena phlaeas.
Опис Hypecoum imberbe е едногодишно растение. Стеблото е вертикално со надолжни бразди, голо и разгрането од основата. Базалните листови се собрани во розета, со дршки, голи, со сивозелена или жолтозелена боја, 2-3 пати пересто насечени, крајните сегменти издолжено елиптични, со куси заострени врвови, најчесто целокрајни, ретко назабени, а врвните делови на ливчињата се оплитко или подлабоко всечени на три дела. Стеблените листови се во помал број, многу помали и насечени на линејни сегменти со постепено заострени врвови.
Цветовите се поединечни или во цветни дихазиуми по врвовите на гранчињата. Цветните дршки се долги до 25 mm, тенки и голи. Цветовите имаат должина 10–15 mm во пречник. Чашкините ливчиња се две на број и имаат жолта или зелена боја во јајцевидна или ланцетовидна форма, со заострен врв и лесно отпаѓаат. Венечните ливчиња се четири на број, во два круга, портокалово жолти. Надворешните две ливчиња на изглед се триаглести, на врвот триделни и со широки странични делови кои обично се пошироки од средниот дел; внатрешните две ливчиња се покуси, портокалови и жолти по боја, скоро до основата насечени на три дела, двата странични дела слиптично копјести, со тапи врвови, средниот дел копјесто лопатовиден, обично подолг од страничните делови и по работ со долги густи ресички. Антерите се 1-1,2 mm. Плодната кутијка е долга 4-6 см, и има цилиндрично линејна форма, права или срповидно искривена и се распаѓа на едносемени делови. Плодната дршка најчесто е лачно искривена странично.
Распространетост во Македонија Hypecoum imberbe ераспространет по песокливи места, ниви, тревести места, покрај грмушести растенија и патишта. Тоа е многу често растение во пониските и потоплите делови.
Познато е за Водно, Гази Баба, Катлановска Бања; Куманово и Доброшане; Велес, Штип, Неготино и Цидимирци, Гевгелија и Богородица и Стојаково, Струмица, Таорска Клисура, Жеденска Клисура, клисурата на р. Тополка.
Се посочува за околината на Дојранско Езеро, Валандово, долината на р. Сатока, Прилепско.
Варијабилност
var. imberbe. Надворешните венечни ливчиња во основата клиновидни var. pseudograndiflorum. Надворешните венечни ливчиња во основата закруглени
Извори
Наводи
Категорија:Флора на Малта Категорија:Флора на Македонија Категорија:Афиони Категорија:Чадливки