Cynoglottis е род на цветни растенија што припаѓаат на семејството Boraginaceae.
Ботанички опис
Повеќегодишни растенија, понекогаш дрвенести во основата, ретко двегодишни. Цветовите се актиноморфни, собрани во издолжени 138 српести соцветија што личат на метличести соцветија. Чашката е длабоко засечена до половина или речиси до основата на издолжено-лопатовидни чашкини сегменти. Венчето е сино или сино-виолетово со кратка венечна трубичка, покуса од чашката и венечните сегменти. Во отворот на венечна трубичка има белузлави лушпи со кратки папилозно-брадавичести израстоци. Столпчето е кусо. Оревчињата се овални во основата со прстенВладо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 137, издавач: МАНУ, Скопје, 2010. Неговиот домороден опсег е југоисточна Европа и Западна Азија. Расте на ридските и субалпските пасишта, на варовнички камењари, точила, до 1900 метри надморска висина.
Видови:
Cynoglottis barrelieri (Сите.) Vural & Kit Tan Cynoglottis chetikiana Vural & Kit Tan
Наводи
Категорија:Лисичинки Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа