Тиреова чадливка (науч. Fumaria petteri subsp. thuretii, syn. Fumaria thuretii) — цветно растение од семејството на афионите, подвид на Петеровата чадливка (F. petteri).

Опис Ова е е едногодишно растение. Стеблото му е вертикално, разгрането со висина од 20-30 см високо и со надолжни бразди. Листовите се сивкаво зелени со должина од 10–30 мм, навидум ромбично јајцевидни и 1-2 пати перести. Лисните делови имаат јајцевидна форма, а ливчињата се два до три пати подолги отколку широки, копјести до линејно копјести или елиптични. Лисните дршки се еднакви со ламината или покуси.

Соцветијата не многу долги од 4–8 см и имаат 15-35 цвета но се густи, вертикални, приседнати или со куси дршки кои се покуси од соцветието. Прицветниците по должина се скоро еднакви со плодните дршки и ретко се малку покуси, линејно елиптични. По боја се розови а на врвот зашилени. Цветовите се долги 7–10 мм. Чашкините ливчиња имаат должина од 2,5–3 мм со ширина од 1,5–2 мм. Тие имаат јајцевидна форма и се пошироки од венчето, бледорозови до пурпурни, по работ се скоро бели, неправилно плитко назабени а само во основата запчињата се подолги.

Венчето е розово до пурпурно, а на врвот е темновиолетово. Горното венечно ливче во предниот дел е со свиткани нагоре рабови. Шпората долга до 3 мм, поширока од средниот дел на венчето. Оревчињата се скоро топчести, на врвот се слабо заострени со должина од 2 мм и имаат многу ситни брадавички. Плодните дршки се кукасто свиткани надолу.

Распространетост во Македонија Тиреовата чадливка е распространето во Македонија, најчесто покрај варовнички карпи и камењари, а исто така и на серпен тин, до 1000 m.

Се среќава во Жеденска Клисура, Матка, Катлановска Бања, покрај река Тополка, во Доброшане, Штип, Галичица - помеѓу селата Стење и Коњско. Се посочува за планината Бабуна.

Наводи

Категорија:Чадливка Категорија:Флора на Македонија