Розова чадливка () — вид цветно растение од семејството на афионите. Најраспространето во Европа.

Опис Ова е едногодишно растение. Стеблото е високо 28 cm,. вертикално или повиено разгрането и со надолжни бразди. Листовите се сивкави, 1-2 пати перести, а деловите на листот се пересто насечени. Ливчињата се копјести или линејно копјести, 4-6 пати подолги отколку широки. Соцветијата се со мал број цветови (6-12), густи и со куси дршки. Прицветниците се ципести и нивната должината им изнесува 2/3-3/4 од должината на плодните дршки, поретко еднакви со нив.

Цветовите се долги 5–6 mm. Чашкините ливчиња се долги 0,5-0,7 mm и 0,3-0,5 mm широки, назабени, на врвот зашилени. Венчето е светлорозово а горното венечно ливче во предниот дел има широки криловидно расперени рабови. Долното венечно ливче е со расперени рабови. Вннатрешните ливчиња на врвот се темновиолетови. Оревчињата се околу 2 mm широки, топчести, на врвот зашилени, по површината ситно брадавичести. Плодните дршки се прави и свртени нанапред.

Распространетост во Македонија Розовата чадливка е распространето во Македонија, најчесто покрај суви тревести и каменливи места, по меѓи и ниви.

Се среќава во околината на Гази Баба, Куманово и Доброшане, Делисинци и Галичица. Се посочува за Скопска Црна Гора и клисурата на река Треска, Велес, Чичево, Струмица.

Наводи

Категорија:Чадливка Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа