Шрамова чадливка (науч. Fumaria vaillantii var. schrammii; syn. Fumaria schrammii) — цветно растение од семејството на афионите, разновидност на розовата чадливка (F. vaillantii). Најчраспространета е во Европа.

Опис

Ова е едногодишно растение. Стеблата се високи до 40 см, вертикални или повиени и многу разгранети. Листовите се сивкави, навидум триаглесто јајцевидни по форма, до 2 пати перести, а деловите на перестиот лист пересто насечени; ливчињата копјести или линејно копјести, 3-4 пати подолги отколку широки, на врвот заострени. Соцветијата се растресити, 2-4 ст долги, со куси дршки или приседнати, со 6-14 цвета. Прицветниците се наполу покуси од плодните дршки, ципести, линејни а на врвот зашилени.

Цветовите се долги 4-5,5 мм. Чашкините ливчиња се долги 0,3-0,7 мм, нерамномерно назабени и брзо отпаѓаат. Венечните ливчиња се светлорозови до бледоцрвени а на врвот се темновиолетови. Горното венечно ливче во предниот дел е со свиткани нагоре рабови, шпората е поширока од венчето и е до една третина од должината на цветот. Оревчињата се топчести, со ширина од 1,7–2 мм, на врвот заострени, по површината брадавичесто рапави. Плодните дршки се прави, 2-3 пати подолги од оревчињата.

Распространетост во Македонија Шрамовата чадливка е распространета во Македонија, најчесто покрај тревести места, камењари, покрај патишта и железнички пруги, до 750 м.

Се среќава во околината на Штип, Прилеп помеѓу Мелница и Витолиште, и Козјак над Тројаци, Таорска Клисура и клисурата на река Тополка.

Наводи

Категорија:Чадливка Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа