Николаево () — град во Јужна Бугарија, административен центар на општината Николаево во Старозагорската Област. Градот се наоѓа во Розовата Долина. Има население од околу 3.133 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.

Географија Николаево се наоѓа во централниот дел на Бугарија, во источниот крај на Розова Долина, сместен помеѓу јужните падини на Стара Планина и северните делови на Средна Гора. Градот лежи на стратешка локација во близина на реката Тунџа, која тече низ регионот. Поради својата местоположба, Николаево претставува важен сообраќаен јазол кој ги поврзува превојот Хаинбоаз („Проход на Републиката“) со Tракиската Рамнина, овозможувајќи лесна комуникација меѓу Северна и Јужна Бугарија.

Историја Историјата на подрачјето на Николаево е обележана со стратешката важност на превојот Хаинбоаз.

Антички и раносредновековен период Северно од градот, на ридот Асара, се наоѓаат остатоци од ранновизантиска тврдина. Таа била заштитена со три реда одбранбени ѕидови, што укажува на нејзината важност за контрола на сообраќајот и одбраната на превојот уште во доцната антика. Исто така, постојат и хипотези меѓу локалните истражувачи дека во близина се наоѓала и келтската престолнина Тиле, иако ова прашање сè уште е предмет на научна дебата.

Османлиски период За време на османлиското владеење, населбата била позната под името Ешекчии (на турски: Eşekçi), од каде потекнува и постарото месно име Магарево. Името се поврзува со занимањето на тогашните жители, кои биле ангажирани во транспортот на стоки и трговијата преку планинскиот терен, за што магарињата биле главно превозно средство.

Модерна епоха Веднаш по Ослободувањето на Бугарија во 1878 година, локалното население иницирало преименување на селото во Николаево. Името било дадено во чест на рускиот голем кнез Николај Николаевич — фелдмаршал и главнокомандващ на руската армија на Балканот за време на Руско-турската војна (1877–1878 г.)

Во текот на 20 век, Николаево се развило како земјоделско средиште и сообраќаен јазол, особено по изградбата на Подбалканската железничка линија. Населеното место било прогласено за град на 26 август 1977 година, по повод 100-годишнината од Ослободувањето на Бугарија од османлиското владеење.Указ № 1243 от 19 август 1977 г. Обн. ДВ., бр. 67 от 26 август 1977 г.

Знаменитости Споменик на Николај Николаевич — лоциран во центарот на градот, овој споменик е подигнат во чест на рускиот голем кнез и фелдмаршал, чие име го носи градот. Тој претставува место за почит кон историската улога на генералот за време на Руско-турската војна (1877–1878 г.) и придонес кон ослободувањето на Бугарија.

Наводи

Надворешни врски Мрежно место на Општина Николаево

Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Населени места во областа Стара Загора