Ajuga genevensis е тревесто цветно растение кое потекнува од Европа. Поретко е застапено од неговиот роднина, Ajuga reptans.
Ботанички опис A. genevensis е повеќегодишно растение без ползечки надземни листови, кое расте до висина помеѓу 10 и 50 см. Стеблото вертикално неразгрането, или од основата разгрането, со погусти или поретки влакна. Зимзелено, има долгостеблени, обовасни, базални листови кои се плитко лобусни или запчести. Базалните листови за време на цветањето се исушени. Има исправено стебло со цветови распоредени во густи, терминални, класовидни соцветиja. Цветовите се обично виолетово-сини, иако можат да бидат розови или бели, а најгорните цветови често се обоени во сина боја. Кога е розова, понекогаш е позната како „розова убавица“, а кога е бела, понекогаш е позната како „алба“. Цветовите имаат кратки горни усни со испакнати прашници и толчник. Чашката од 4 до 7 мм со 5 издолжени, скоро еднакви чашкини запци, скоро со еднаква должина со трубичката на чашката, со прости и жлездести влакна. Прашниците со влакнести филаменти, заедно со столпчето на плодникотстрчат видливо надвор од венечната трубичка. Цвета од април до јули. Плодовите на растението се оревчиња долги до 3 мм, влакнести и темно кафеави. Растението понекогаш страда од Erysiphe biocellata, вид на мувла."Флора на Македонија", Владо Матевски: Флора на РС Македонија, Том 2, св. 2, МАНУ, Скопје, 2021, стр. 208
Роднини мини|Ajuga reptans, роднина со која A. genevensis понекогаш се вкрстува. A. genevensis е помалку чест роднина на Ajuga reptans, иако е вообичаено двете растенија да се вкрстуваат, како и со Ajuga pyramidalis, произведувајќи хибридно потомство кое е многу слично.
Видови Исто така, постојат неколку варијанти на A. genevensis како што се A. genevensis var. arida (сорта со кратки сиви влакна што се наоѓаат во планинските ливади) и A. genevensis var. elatior (планинско растение со случајно влакнести стебла). И двата вида малку се разликуваат по обликот и големината на листовите и прицветниците.
Распространетост и живеалиште A. genevensis се среќава во Европа (од Франција до западна Русија), Турција и Кавказ. Исто така е одомаќинет во Северна Америка како резултат на семиња што се разнеле од градините. Се користи како украсно растение во градините ширум светот, каде што се користело на рабовите поради неговото побавно ширење во споредба со A. reptans.A. genevensis е медоносно растение. Расте по суви и влажни места, ливади, брдски пасишта, камењари, клисури по рабови на дабови и букови шуми од 300 до 1700 м надморска висина. Во Македонија широко распространето растение. Познато во околината на Скопје, клисурата на реката Треска, Скопска Црна Гора, Богомила, Лесново, Мариово, Маврово, Бистра, Крива Паланка и др. места.
Употреба во традиционалната медицина A. genevensis има употреба во традиционалната австриска медицина. Се зема интерно како тоник, за третман на нарушувања поврзани со респираторниот тракт. Растението се користи како антиинфламаторно, хемостатско и средство за заздравување на рани. Под експериментални услови, екстрактот и сокот покажуваат изразени хемостатски својства и ја активираат контрактилноста на миометриумот.
Галерија
Литература
Надворешни врски
Ajuga genevensis во базата на податоци на USDA Наводи
Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Приземни растенија Категорија:Флора на Турција Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија