Алпска незаборавка () — тревесто повеќегодишно растение од семејството Boraginaceae. Алпската незаборавка е цвет на грофовијата Вестморленд во Обединетото Кралство.

Опис Повеќегодишно тревесто растение, поретко или погусто перничесто, 5–25 см високо, со кус ризом. Стеблото вертикално или подигнато, неразгрането или од основата разгрането, во базалниот дел со полустрчести или стрчести влакна, во горниот дел со прилегнати, нагоре свртени влакна. Базалните листови се елиптични или издолжено-лопатовидни обично со долги лисни дршки, поретко приседнати. Долги до 70 мм , широки од 5 до 10 мм, од двете страни со прости четинести влакна; стеблените листови издолжено-копјести до елиптични, со помали димензии од базалните листови, но со нешто погуста влакнавост. Цветовите се собрани во врвни, збиени срповидни соцветија кои при образување на плодот малку се издолжуваат. Цветните дршки се со должини до 2 мм (при образување на плодот се издолжуваат до 4 мм), поставени се косо во однос на оската на соцветието и свртени нагоре. Чашката е yвончевидна, при цветањето долга околу 2 мм, при образувањето на плодот се издолжува од 4 до 6 мм, во основата стеснета, всечена до 2/3 или повеќе на 5 издолжено-триаголни запци, по целата должина со прилегнати прави влакна и со ретки кукесто свиткани влакна во основата кои можат и сосема да отсуствуваат, не отпаѓа. Венчето најчесто е темносино, пречникот на проширениот дел од венчето е од 6 до 9 мм. Оревчињата се елиптично-јајцевидни, затапени, обично со добро развиен раб само во горната третина до половина, долги се до 2 мм, лузната на прикрепување продолжува странично во две бразди од двете страни.

Живеалиште По планински пасишта од субалпскиот и алпскиот појас, на длабока почва, камењари, на силикатна и варовничка подлога, на надморска височина од 1800 до 2760 м.

Распространетост Во Велика Британија се јавува само на две места, во варовнички тревни површини на Северните Пенини и на голема надморска височина на микашисти во близина на Бен Лоерс. Автохтоно е распространет во голем дел од Јужна и Средна Европа и Кавказ.

Во Македонија Алпската незаборавка е многу варијабилен вид, па за поточно дефинирање на статусот на инфравидовите таксони потребни се дополнителни истражувања. Сепак, за Македонија се познати следниве подвидови:

subsp. alpestris познат за Јакупица – Бегово Поле, Солунска Глава (КМ, ВМ); Караџица – Јурукова Карпа, Убава, Салакова Планина (КМ, ЉМ); Шар Планина – Попова Шапка (КМ, ВМ), Церипашина (КМ, ВМ, ЉМ, МК), Елак (КМ, ВМ), Багрдан, Титов Врв (КМ), Горно Јеловце (ЉМ), Трапезица (ЉМ), Љуботен (КМ, ЉМ), Карабунар (АТФ); Кораб – над с. Нистрово (ЉМ), Кобилино Поле (КМ, ЉМ); Крчин; Дешат (КМ); Јабланица - „Крстец“ (ЉМ).

Се посочува (subsp. Myosotis alpestris s.1.) за Шар Планина – Љуботен, Враца, Кобилица, Ниџе (Grisebach, 1844; Stojanoff, 1928; Рудски, 1938); Кораб (Csiki, Javorka & Kümmerle, 1926; Рудски, 1938); Бистра, Крчин (Soška, 1929, 1939); Пелистер (Horvat, 1938).

Се посочува (subsp. M. sylvatica Ehrh. subsp. alpestris var. firma Neilr.) за Голешница Долна Мандра Бегова, Дудица Ниџе, Трибор, Алшар, Мала Рупа (Bornmüller, 1928); Јабланица – Црн Камен (Черњавски, 1943); Шар Планина – Царево Гумно, Вешала, Бистра (Rohlena, 1937).

subsp. mrkvickana (Vel.) Strid in Mountain Flora of Greecе, 2: 56 (1991) – Syn.: M. mrkvickana Vel., Reliquiae Mrkvickanae, 22 (1922) (basionym) - Познат за Добро Поле, по планинските пасишта на силикатна подлога, 1700 m (BM, ЉМ). Се посочува за Добро Поле (Velenovsky, 1922).

subsp. suaveolens (syn. Myosotis suaveolens, мирислива незаборавка) расте по планински пасишта на длабока почва, камењари, по рабови на шуми, на силикатна и варовничка подлога. Познат за пл. Јакупица — Бегово Поле (КМ, ВМ), Бабина Рупа (ЉМ); Караџица: Убава — Јурукова Карпа (ЉМ); Даутица — Гроб (ЉМ); Шар Планина Титов Врв, Багрдан, Љуботен (КМ), Церипашина, с. Г. Јеловце, Рудока (ЉМ); Сува Гора — Осој, Чамот, Локва (АТФ); Мавровско — „Кожа“, Враца (ЉМ), Трница (КМ), Аџина Река, Торбешки Мост (КМ, ЉМ); Бистра — Меденица (КМ, ЉМ), Соломуница, Говедарник, Тони Вода, Чаушица (КМ, ЉМ), Требишка Рупа, Суво Поле, Сенечка Планина, Косеница, Султаница, Ќурков Дол, Русин Брдо, с. Лазарополе (КМ), Фрчец, Галичник (ЉМ); Кораб — Кобилино Поле (КМ), Голема Корапска Врата (ЉМ); Дешат — Крчин (КМ); Стогово (BM); Јабланица — Подгоречко Езеро, Вевчанско Езеро (ВМ), „Крстец“, Невестин Гроб, Чума (ЉМ); Галичица — Казан (ВМ, МК), Петрино, Стара Галичица, Магаро, Преслап, Корита (КМ); Пелистер: с. Нижеполе — Скрково (ВМ), Широка, Мало Езеро (ВМ), Палиснопје, Големо Езеро (КМ, ВМ); Ниџе: Кајмакчалан — Добро Поле, Змеица, Бело Гротло (ВМ, КМ, МК, ЉМ); Прилепско — Козјак над с. Тројаци (КМ); Лубен — „Кафчал“ (КМ); Добра Вода (ВМ); Илинска Планина (БМ); Кожуф — Мала Рупа, Кечикаја, Аџибарица (МК), Две Уши (КМ), Дудица (ЉМ); Беласица над с. Смоларе (ВМ); Осогово — Тораница, Сокол, Руен, Саса (KM, BM, МК, ЉМ), Калин Камен (ЉМ).

Се посочува за Шар Планина – Љуботен, Попова Шапка (Wettstein, 1892; Grau, 1965); Зборско — Алшар (Degen & Dörfler, 1897); Кајмакчалан, Пелистер, Буково, Црн Врв (Adamović, 1904); Кораб, Јакупица (Košanin, 1909, 1911); Даутица (Петровић, 1913, 1940); Бистра (Рудски, 1938; Leute, 1978); Галичица (Weber, 1951; Šmarda, 1968; Leute, 1978).

Наводи

Категорија:Растенија опишани во 1794 година Категорија:Незаборавка Категорија:Флора на Македонија Категорија:Симболи на Алјаска