Странски делегати на Илинденското востание — обид на Врховниот македонски комитет за поставување меѓународни односи со Западна Европа и Руското Царство. Организирано и спроведено за време на Илинденското востание и нивниот обид траел сѐ до 1904 година.

Историја Со нападот на Смилево на 2 август 1903 година, почнало Илинденското востание. Првите дипломатски обиди биле организирани во втората половина на август од страна на Врховниот македонски комитет. Александар Протогеров и Димитар Агура ги определиле Љубомир Милетиќ од Штип и Иван Георгов од Велес за претставници на идната македонска држава во странство. Тогашната руска влада била против делегацијата бидејќи меѓу дипломатите бил Одисеј Попов, митрополит на Бугарската егзархија.

Во септември, голем дел од делегатите одлучиле да патуваат во Западна Европа додека Милетиќ и Георгов самоволно отидоа во Санкт Петербург. Биле пријатно примени но Николај II одби да има средба со нив. Разговарале со кнезот Оболенски кој ги извести дека во Русија моментално се воведувале реформи и неможеа соодветна поддршка да прикажат. На 27 септември нивен интервју со весникот „Ново време“ бил објавен, во интервјуто ги истакнале главните цели на Македонската револуционерна организација и востанието. Милетиќ побарал помош за населението во Македонија и Одринско.

Во ноември првите македонски делегати пристигнале во Западна Европа, меѓу нив бил генерал Иван Цончев со Илија Гологанов.Писмо от д-р Хр. Татарчев до Борис Сарафов и Михаил Герджиков с указанията на въпросите, които трябва да засягат в интервютата си по време на мисията си в Европа и на възможните допирни точки на ВМОРО с ген. Иван Цончев. (Софија, 16 декември 1903 година) Биле финансирани со 3.000 леви од тогашниот премиер на Бугарија Рачо Петров. После Цончев отидол Борис Сарафов и Михаил Герџиков, како дел од Задграничното претставништво. После нив отидол Љубомир Стоенчев, претставник на Врховистите и Пјотор Дудорев, руски четник и учесник во востанието. Неколку месеци подоцна отидол Тома Карајовов.

Во 1904 година, со крајот на Илинденското востание, македонските делегати се повлекле и се вратиле во Етничка Македонија.

Наводи

Категорија:Илинденско востание Категорија:Врховен македонско-одрински комитет Категорија:Македонија во 1903 година Категорија:Македонија во 1904 година Категорија:Европа во 20 век Категорија:Борис Сарафов