One Piece (, македонски: Ван писБидејќи мангата е недовршена, не е познато што всушност е One Piece, па затоа изразот обично не се преведува.) — преносна телевизиска серија заснована на истоимената манга на Еичиро Ода. За производството се одговорни компаниите Netflix, Tomorrow Studios и Shueisha. Творци на проектот се Мет Овенс и Стивен Маеда. Главните улоги ги толкуваат глумците Ињаки Годој, Макенју, Емили Рад, Џејкоб Ромеро Гибсон и Таз Скајлар.

Премиерата на серијата се одржала на 31 август 2023 г. Екранизацијата била топло примена и од обожавателите и од кинокритичарите, по што била продолжена за неколку сезони.

Содржина Дејството ги следи патешествијата на пиратот Манки Д. Луфи, кој се упатува кон опасниот океан Гренд Лајн за да го пронајде Ван пис — легендарното богатство што ќе го направи крал на пиратите. По патот кон големиот и опасен океан, тој пронаоѓа пријатели и сопатници што му помагаат во неговото пловење. Меѓутоа, по трагата на јунаците е Морнарицата, а тие не се единствената пиратска екипа што трага по Ван пис. Поврзани со врските на силно пријателство, Пиратите со Сламена Шапка се подготвени за патувањето, како и за борбата за своите соништа.

Улоги

| Ињаки Годој | Манки Д. Луфи |- | Макенју | Ронороа Зоро |- | Емили Рад | Нами |- | Џејкоб Ромеро | Усоп |- | Таз Скајлар | Санџи |- | Винсент Риган | вицеадмирал Гарп |- | Морган Дејвис | Коби

Епизоди

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски телевизиски серии Категорија:Оригинални програми на Netflix