Хелен Изабел Астон (26 март 1934–17 март 2020) — австралиска ботаничарка и орнитолог.

Биографија Астон дипломирала во 1957 година со насоки ботаника и зоологија на Универзитетот во Мелбурн.

Астон работела во Националниот хербариум на Викторија од 1956 до 1991 година, каде што станала еден од водечките австралиски авторитети за слатководни васкуларни растенија. Националниот хербариум на Викторија го содржи поголемиот дел од хербариумот на Астон, речиси 3.000 примероци, со дупликати дистрибуирани низ австралиските хербариуми, вклучувајќи ги Јужноавстралискиот државен хербариум, Квинслендовиот хербариум, Австралиските национални ботанички градини, Тасманскиот хербариум, Националниот хербариум на Нов Јужен Велс и Западноавстралискиот хербариум.

Астон се семта дека е најпозната по нејзината книга „Водни растенија на Австралија“, објавена во 1973 година од Мелбурн Јуниверзити Прес.

Астон ја претставувала австралиската хербарија како австралиски ботанички службеник за врска во 1974 година со Кралските ботанички градини во Кју, Обединето Кралство.

Астон го уредувала списанието „Мулерија“ од 1977 до 1988 година.

Избрани објавени имиња

Limnophyton australiense Aston Cycnogeton alcockiae Aston Nymphoides triangularis Aston

Награди и почести Во 1979 година, Астон била наградена со Австралискиот медал за природна историја од страна на Клубот на теренски натуралисти на Викторија.

Наследство Следните растенија се именувани во нејзина чест:

Родови

Astonia <small>S.W.L.Jacobs</small>

Видови

Nymphoides astoniae M.D.Barrett & R.L.Barrett

Поврзано

:Категорија:Таксони именувани од Хелен Изабел Астон Индекс на имиња на австралиски растенија

Избрани публикации

Книги

Водни растенија на Австралија (1973) Атлас на птици од регионот на Мелбурн (1978)

Статии од списанија

Наводи

Категорија:Починати во 2020 година Категорија:Родени во 1934 година Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Австралиски ботаничари