Камалдин Сулемана (роден на 15 февруари 2002 година, во Текиман) — гански фудбалер, напаѓач на и на ганската репрезентација.

Технички карактеристики Лево крило кое сака да се движи низ целиот напаѓачки фронт. Многу брз и со одлична основна техника, тој има тенденција да се движи навнатре за да се обиде да шутира кон голот со десната нога.

Клупска кариера Норшелан Роден во Течиман, Боно Ист регионот, тој бил дел од „Right to Dream“ академијата, пред да се приклучи на нејзиниот кооперативен клуб во Данска, Норшелан, во јануари 2020 година. Откако потпишал петгодишен договор со клубот на својот 18-ти роденден, тој го имал своето деби една недела подоцна, на 22 февруари 2020 година, во победата со 2-1 над Сенерјуск во Суперлигата на Данска.FCN har lavet femårig aftale med debuterende stortalent, jyllands-posten.dk, 23 February 2020

На 29 мај го постигнал својот прв гол, поставувајќи го конечниот резултат во победата со 2-0 над Силкеборг. По добрата полусезона во која младиот фудбалер одиграл 13 натпревари и постигнал 4 гола, во следната клубот одлучил целосно да се фокусира на него. Во август 2020 година, тој го добил дресот со број 10, по заминувањето на неговиот сонародник Мохамед Кудус во Ајакс. Во сезоната 2020-2021, Сулемана одиграл одлично, постигнувајќи 10 гола и израснувајќи во еден од најперспективните млади таленти во Суперлигата на Данска, ценет по неговите технички способности, дриблингот и брзината, што го прави еден од најкреативните играчи во лигата. Добрите игри му донеле интерес од многу големи европски клубови, поради што заминувањето од Данска станало неминовно.

Рен На 16 јули 2021 година, Сулемана потпишал петгодишен договор со францускиот клуб од Лига 1, Рен, во трансфер вреден 20 милиони евра. Со тоа, тој го надминал претходниот рекорд кога станува збор за трансфери во данската лига, кој бил во сопственост на Александер Серлот. Своето деби за Рен го имал на 8 август 2021 година, против Ланс во првиот натпревар од сезоната во Лига 1; тој го постигна единствениот гол за Рен во натпреварот, кој завршил 1–1.RENNES VS. LENS 1 - 1, soccerway.com, 8 август 2021 Во францускиот клуб останал сезона и пол, постигнувајќи вкупно 5 гола во 34 настапи во француската прва лига (и, вкупно, 6 гола во 47 настапи во сите официјални натпреварувања).

Саутхемптон На 1 февруари 2023 година, Сулемана потпишал договор на четири и пол години со Саутхемптон. На 4 февруари 2023 година, тој го направил својот прв настап во Премиер лигата во поразот од 3–0 против Брентфорд, заменувајќи го Ибрахима Диало на полувремето. На 28 мај 2023 година, Сулемана ги постигнал своите први голови во Премиер лигата во ремито 4–4 против Ливерпул. Тоа биле неговите единствени голови за Саутхемптон (во 18 настапи) во сезоната 2022-2023, која завршила со испаѓање на „светците“ од Премиер лигата.

На 15 септември 2023 година, тој добил црвен картон од Боби Мадли за прекршок врз Џејмс Џастин во судиското продолжение за време на поразот на Саутхемптон со 4–1 на домашен терен од Лестер Сити, а менаџерот Расел Мартин изјавил дека се надева дека клубот „има основа за жалба“. Доделениот црвен картон потоа бил поништен. За време на победата од 1–0 против Бристол Сити на 29 ноември 2023 година, Сулемана претрпел повреда на тетивата и се очекувало да отсуствува до крајот на јануари. И покрај слабата сезона, во која не постигнал ниту еден гол во Чемпионшип во 25 настапи, на крајот на истата Сулемана со Саутхемптон успеал да избори промоција во Премиер лигата.

Назад во Премиер лигата во сезоната 2024-2025, Суемана ги пропуштил првите 7 првенствени натпревари на тимот поради повреда на глуждот. По враќањето од повредата, тој станал редовен стартер во тимот особено во вториот дел од сезоната постигнувајќи еден гол во поразот со 1-3 на домашен терен од , но на крајот од сезоната испаднал со клубот по втор пат во три години.

Аталанта На 2 јули 2025 година, тој се преселил во италијанската Серија А во , каде што се соединил повторно со тренерот Иван Јуриќ (со кој работел претходно и во Саутхемптон), за сума близу 17 милиони евра. Дебитирал за клубот на 24 август во првото коло од првенството, заменувајќи го Даниел Малдини во второто полувреме од ремито 1-1 на домашен терен против ; на 21 септември, го постигнал својот прв гол за Аталанта, во победата од 3-0 на гости против .

Репрезентативна кариера Сулемана дебитирал за Гана во пријателски натпревар загубен со 3–0 од Мали на 9 октомври 2020 година.

Во декември 2021 година, тој бил избран во составот на селекторот Милован Рајевац за Африканскиот куп на нации 2021 во Камерун.

На 14 ноември 2022 година, бил избран од новиот селектор Ото Адо да учествува на Светското првенство 2022 во Катар.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 18 март 2026.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2019-2020 Норшелан СЛ 13 4 КД 0 0 - - - - 13 4 2020-2021 СЛ 29 10 КД 1 0 - - - - 30 10Вкупно Норшелан 42 14 1 0 - - - - 43 14 2021-2022 Л1 20 4 КФ 1 0 ЛК 61 настап во квалификациските кола. 1 - - 27 5 2022-јан.2023 Л1 14 1 КФ 2 0 ЛЕ 4 0 - - 20 1Вкупно Рен 34 5 3 0 10 1 - - 47 6 јан.-јун. 2023 ПЛ 18 2 ФАКуп+ЛК 0 0 - - - - 18 2 2023-2024 ФЛЧ 25 0 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - - 26 0 2024-2025 ПЛ 26 1 ФАКуп+ЛК 2+2 1+0 - - - - 30 2Вкупно Саутхемптон 69 3 5 1 - - - - 74 42025-2026 А 22 2 КИ 3 1 ЛШ 8 0 - - - 33 3Вкупно во кариерата 168 24 11 2 17 1 - - 196 27

Наводи

Надворешни врски

Камалдин Сулемана на soccerway Камалдин Сулемана на transfermarkt Камалдин Сулемана на espn Камалдин Сулемана на whoscored

Категорија:Гански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Норшелан Категорија:Фудбалери на ФК Рен Категорија:Фудбалери на ФК Саутхемптон Категорија:Фудбалери на ФК Аталанта Категорија:Луѓе од Текиман Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026